Потребно време за читање: < 1 минута

55. Слобода

Слободен сум
оти зборот и мислата
ми се слободни;
а и чекорот, а и ôдот,
а и сонот, а и играта,
а и песната.

Лично сум слободен
и слободен сум
со оној што ме има
за свој
во секоја смисла
на постоењето
и опстанувањето.

Слобода им дадов
на моите дела
како траги на оган
нескротлив во мене.

Слобода не му одзедов
на оној што на хоризонт
догледал своја ѕвезда
водилка,
ниту на оној кому
не му треба никој
во одбрана на своето
докажано себство.

Во слобода слобода
за слобода со слобода
на секој мој миг
и на секој мој здив
што ги вградувам
и ги обградувам
на сам почеток
на секое мое создание
слободно,
од мене ослободено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here