Потребно време за читање: < 1 минута

45. До догорување

Дотече дотолку
и дотука
жива река несакана,
дека е во туѓо корито
на нечија самота.

Доколку додека
и допрва не пробие
со светлина стена
вековита,
на која некој оставил
писмо неодгатливо,
нека пресуши
во земјава пустелија,
пред мрачнинава
врз која навалиле
слепи, глуви, суви
и страдни тишини.

Догледа докрајно
и доварди брегови
на сенки скаменети
сосе денови и ноќи
бесцелни,
сосе коски човечки
кои ниту има некој
да ги прибере,
па да ги открие
нивните дамнини,
ниту да се најде
некој опитен
што ќе домисли како
жива река несакана
дека е во туѓо корито
може да си ја врати
бистрината на умот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here