Потребно време за читање: 5 минути

731. Испокрадовте и израстуривте до шо се дофативте, ама уште не можите без оние шо ве онадеа и ве онадат одзади.

732. Ко ќе се најдиш на нов крстопат по минати стари, првин прашај се зошто и како си се нашол.

733. Бел ден да не видиш со тие твои црнотии.

734. Види мајката! Уште и се закануваат оти ќе ја делат дуњава македонска ако не биди по нивно. Тоа оти ем им се даде многу, ем си зедоа и украдоа немерливо и неброено.

735. Ако ја сметате земјава за сите, значи и за вас, тогај прајте за на сите да им биди арно. Не само вам.

736. Власт шо владеела крадејќи го народо жив уплав има од самоуништуање откога не је.

737. Он си пее шо си знај и баш му је гајле оти не го слушаат оние шо не знаат да пеат.

738. Нема голем аир од купи-продај-препродај. Мора и плодна земја да раѓа и да се прај она шо се знај.

739. Ја кажуам и кажано и докажано. За ука и доука.

740. Лебо и солта не се за нарануење и памет солење, ами за добри гости пречекуање.

741. Ич не сакам ветар шо дува ко налутен оти нешто не је по негоо.

742. Права љубов да се стори нељубов? То нито било некоаш, нито ќе биди.

743. То не је партија. То је обична банда лигуши, ситни крадачи, безочни апашишта, слуги на туѓини и изроди.

744. Види богати!
Они краделе ама и граделе! Да бе, зза утрешо на народо! Море црни темни зандани за вас! Море сиктер!

745. Да се крсти чоек!
На богати бизнисмени им требаат сиромашни работници, а меѓу сиромашни врие од богати бизнисмени.

746. Богатење преку ноќ саде со крадење народно богаство.

747. Се китеше со туѓо перје, та сега је ко искубана кокошка.

748. Едни сè појќе се богатат, а сите друзи жива сиромаштија.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 184-236

749. Творец јаден, а со неизмерно дело.

750. Живото је неправеден спрема чоек шо го создава.

751.-Шо ти је.
-Ништо. Ко секоаш.

752. Да ви кажам прао, криво ми је шо не ми је прао.

753. Кога би ме прашале, првин би барал да ми одгоорат.

754. Секоаш нешто те вади на виделина, зол чоеку.

755. Купуаш за да имаш оти ќе ти затреба. Ако сега не ти треба.

756. Од сè прво избери најпрво.

757. Болуаш од љубов? Многу ми је жал. Нема да оздрајш до умирачка.

758. Откога ќе умрам, немојте ни да ме спомнуате. Вие кои уште жив ме заборајвте.

759. Опожаруањето на дуњава е од зулумќари за да продолжат да праат разни зулуми.

760. Мудрио не збори многу, а секој збор му је ем наместо ем длабокоумен.

761. Се расправаме оти сакаме да биди по наше.

762. Се жали по умрен чоек поради добрината му и оти можел да создади појќе од шо создал.

763. Ми беше најубоо со тебе и зато најмногу ми фалиш.

764. Бори се против зло за сечие и наше добро.

765. Не је никаква казна за крадачо ако он не го врати украденото.

766. Не је доволна саде мајсторија за да создајш нешто големо. Треба то нешто за друзи да биди ем прво ем последно.

767. На убајте лујѓе и зборојте им се убај.

768. Не знам шо би дал од себеси за да те видам, убост моја, макар за последно.

769. Во живото ќе ти биди многу полесно ако научиш да имаш доволно за да не сакаш појќе.

770. Не сум ти вратил оти ни то не го заслужуаш.

771. Се стареј поубоо и полесно со млади за стари исто колку стари за млади.

772. Правдина је на сите да им биди по мерата за сите.

773. Не им се натурај на друзи ко голем ербаплија. Брго ќе ти се натури поголем од тебе.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 533-616

774. Ако им се можело, пак ќе им се можи. Сè дури друзи со ними можат.

775. Кога-тогај легнуа на брашно оној шо не стој на свои нозе.

776. Љубовта не обессилува, туку куражи.

777. Не брани шо не се брани.

778. Далгите љубовни ми ги поплавија брегојте.

779. Ништо од мене за шо било.

780. Не ме разбра? Ај подумај се.

781. Многу је мачно и жално кога чоек гасне ко свеќа.

782. Не ме препознааш оти не ме знајш ко шо сум.

783. Го пеплосуа срцето родо шо заминал засекоаш од родно огниште.

784. Богами, он доста поживеа преживуајќи.

785. Само политиканти нејќат да знаат али не разбираат:
Во држава народ и малцинства или нација!
Во општество граѓани!

786. Тешко и мачно време. Не сал за чесни и доблесни.

787. Шо ти је пишано, то ќе ти биди. Али во живот, али по смрт.

788. Мене ми је доста шо се знајме.

789. Со своја живеачка во живото.

790. Оти многу време се крои по терко на богатите, сиромасите веќе носат толку искинато шо да не можи да се крпи.

791. До кога, сиромав народецу, ќе дозволуаш богати да те крадат?

792. Ич да не се сакалдисуате. Ништо нема да ви фали без мене.

793. Дур си жив има место под сонцето за тебе. Сал од тебе зависи дали ќе остани твое и откога ќе умриш.

794. Внатрешнио непријател не можи да прај зло без надворешен.

795. На стари години најпрвин љубов и желание.

796. Само да не је зло од тебе, за тебе али поради тебе.

797. Сè појќе ми фалиш оти те имам, а дамна те немам.

798. Сè, сè, само да се продааш за пари никако не.

799. Сè шо сум напрајл и праам сакало-нејќело со мене ќе заврши.

800. Се израсипа свето. Сè помалу не трај ни до вчера, а не па до утре.

801. Нигде не брзам откога стигнав до кај шо сакав и можев.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 667-730

802. Не бидуа држава со политиканти на власт и мафијаши-нивни и туѓински платеници.

803. Во држава во која срамно се живеј најсрамно је да си политичар.

804. Народо не простуа. Можи само да го одложи казнуањето.

805. Ако мора сè од почеток, оти је сè гнило, расипано и растурено, тогај почни сега. Не ти је дозволено да одлагаш.

806. Од шо им беше ептен убоо на власт, во опозиција се разболеа и се разболуаат неизлечиво.

807. Тргај на свој пат. Сите туѓи ќе те однесат во беспаќе.

808. Од пусти пари сè пропаѓа сосе пари.

809. Само на нетокму и злостори сонцето им изгрева на запад.

810. И планина да је чоештината ќе се ничкоса наземи под тоар злосторен.

811. Машкио род си је машки, женски женски, и каква врска имаат они со родова еднаквост?!

812. Ех, само кога би знаел дали љубовта уште живеј.

813. Никој не можи за мене онолку, колку шо можам ја за друзи.

814. Кој како, ја никоаш како било.

815. Ич не ти чини живото ко да не си жив. Шо ја сам на себе си го напрајл, ја ти го напрајле злонамерни.

816. Признај си совреме оти не те бидуа али не знајш. Ради образо.

817. Не сум со ними откоа разбрав оти не сум им по мерата.

818. Душата најмногу му знај шо сè пропатил во живото.

819. Нејќам да зборам оти сè шо требало сум кажал совреме и кажувам предвреме.

820. Кој сум тој сум, та не треба никој ни да дели што-годе со мене ни да ме трпи.

821. Со мене никој ни имал ќар ни бил зијан.

822. Да си немаш работа со богат, а неработник.

823. Порано и дамна љубовта се докажуала со домаќинлак, а сега и денес не ѝ треба докажуање со ништо.

824. Кој не можел без мене нито можи денес, нито ќе можи утре.