НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 58-120

Потребно време за читање: 3 минути

58. По зборуањето на чоеко се познај колку му сечи умо.

59. Чоеко бери ум дури е при ум.

60. Кабаетлија се препраа во шо и да је само за да не се припознаа.

61. Не преживуа никој од народ ништен, испокраден, застрашен и во молчание.

62. Не ми игра политиката оти не знам да ја играм политикантски.

63. Никој не се сеќаа на мене ко чоек шо го знај она шо го знај и го умеј она шо друг не го умеј.

64. Ем натоарен со многу години ем на нозе испраен.

65. Се радуам со луѓе шо се смеат, играат и пеат.

66 Можи игра да пеиграат нови играчи, ако се старите папсани од изигруање али не знаат да ја доиграат.

67. Не можи на вол умо со стап да му се дотеруа.

68. Најлесно растурање и ништење со партиски измеќари на власт.

69. Баш му је гајле на чоек кому му је ко шо ми је кога ќе му дојди крајо. Јали сега, јали којзнај кога.

70. На будали на власт најсетне ни итроштини не им помагаат.

71. Партискио војник је ем слеп при очи ем глув при уши. Такви во партии на власт да ги риниш со лопата.

72. Му се молиш на туторо да напрај твојте да останат на власт оти ти је убоо да те дупат и однапред и одзади.

73. Ништо не је со ними арно, арно ама тебе ко нивен никоаш не ти било поарно.

74. Гнаси со гнаси од себеси праат гнаси.

75. Нејќете да се видите во огледало оти знајте колку сте грди, политиканти низаедни.

76. Знајте ли макар еден со грам ум, властодршци, шо гледа и слуша какви зулуми му сторивте на народо? Ја не.

77. Народо скоро ја ќе ве отера во мајчината, ја ќе ве фрли на буниште.

78. Не знам шо друго да ти кажам, мило чупе, сем оти си многу убоо.

79. Божем им веруаш-оти мораш. Совреме те напрајле нивен должник.

80. Слободен ум во слободни зборој.

81. Во наш свет за да сме си свои.

82. Имам уште многу да ти кажам со мојто молчание.

83. Не можиме заедно кога нема ни зошто ни до каде.

84. Смислуаш и измислуаш сешто за противнико, ама џабе ти је кога не можиш да го одбегниш.

85. Ем ќе изгубите ем ќе се изгубите.

86. Ако си испраен, нема зошто да коленичиш.

87. Прво мисли за однапред, па после прај одзади.

88. Ја мислам оти мислам.

89. Не си ни против ни за? Значи, ти си сал за себе.

90. За тебе не је добро шо не ти треба појќе од твоето.

91. Не се живеј со надеж за утре. Шо ако таа последна умри денес?

92. Писмен, а неук је бетер од неписмен, а самоук.

93. Не чини саде падни-стани. Треба и да се стои на свои нозе.

94. Требаше да биди, ама не бидуа.

95. И на крај љубов, исто ко на почеток.

96. На малодушнио силници со изроди, платеници и предавници му ја кројат судбината.

97. Непомирливи на најдолгио пат до слобода и самосвест.

98. Нема простуање за најголемото злосторство-ништење на народ и негоа држава. Има најголема народна казна.

99. Смачуање од безмозочна младоста:
Блуе, па го лиже изблуеното.

100. Бирам зборој и кога пцујам. Заслужени.

101. Сите ненародни, изродени и апашишта на едно буниште. Макар и до небо големо.

102. Ко без глаи сте оти вашите тутори престанаа да ви кажуаат шо да прајте. Конечно дигнаа раце од вас.

103. Неминовно је народо да ве ничкоса наземи, да пропаднете во мракојна и да ве снема. По сите зулуми шо му ги сторивте на народо.

104. Најтешко за чоек је да разбери дека нема и ќе нема ни ден ни ноќ во љубов со љубов.

105. Секој ден прв и последен во живот во кој се живурка.

106. Без стојности не се достојува во секакви времиња.

107. Не сум создал ништо за друго време? То не го знај никој, а ни ја.

108. Добро је, никој не забележа оти ми пројде дено на заживуање.

109. Најтешка самост е по многу смрти на ближни.

110. Најсетне последнио чекор. Можи порано, можи подоцна, а можи и на чекор до последна цел.

111. Радуање на старост со младост.

112. Се гаси свеќа во тишина без тебе.

113. Да пукниш од смеење!
Го прашуа слушач прецеднико и на стоката:
„Прецедниче наш,
Како бре главата горе со натртени газој?!“

114. Бесрамието и безочноста на предавнички властодршци се безмерни.

115. Дребен стар бел дедо ич не го замислуа стареењето дури го држат нозете. Ни по почнуање на нова старосна година.

116. Се паметат меѓусебно луѓе кои биле заедно и остаиле некаква заедничка трага во свое време.

117. Се прикажуате ко кловној и марионети, па после ве боли, па и разболуа мајтапењето на народо со вас.

118. Оти не ве сака народо? Оти го предадовте, го испокрадовте и од него се изродивте.

119. Уште некое време многу мачно. До ваше кутнуање наземи и дури не ве изеј мрачнината.

120. Белки последното наше видување, љубима, не беше последно.