Потребно време за читање: 4 минути

533. Саде грешиш и ич не ти је гајле за она шо остануа по тебе.

534. Од многу за многу, не за малу.

535. Прајте си шо си прајте и не помислуајте на мене. Полесно за вас. Ко досега.

536. Од ден на ден со мене се појќе има знајни и незнајни, и то ми го расти срцето.

537. Добро, шо ако отидам во неврат ко да сум дамна отиден? Вам ќе ви смени нешто во односо спрема она шо сум го создал и допрва ќе го создадам?

538. Дребнав сум им на оние на кои им сметам, а не можат да ме избришат во умојте им.

539. Ми земате ко да је ваше, а мене ништо не ми треба од вас.

540. Дамна се остајвме, а ја никако да те истаам од умо.

541. Лошио збор можи да те доболи до молчание.

542. Со мене можиш секако, а ја со тебе не сакам никако.

543. А бре недоветен, не те плаќа туѓин за чисто, ами за валкано дејание.

544. Навалиле на тебе оти не им враќаш со иста мера.

545. Не ве пуштиле низ вода, ами ве остајле сами да се удајте во матната.

546. Немаш врска, па си без врска.

547. Ја голем без пари, а мали се наполнија со пари.

548. Мојто време до крајо во трпеж и крпеж.

549. Чоече, не му давај на ѓаоло да влези во тебе. Ако, пак, веќе влегол натерај го да излези и џенем да фати.

550. Ни ќар ни зијан со вас. Зато отсега сам.

551. Ако сам си се натоарил со зло, али си дозволил друзи да ти го натоарат-ќе си го носиш дом умирачка.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 237-309

552. За да бидиш јак и силен, првин ослободи се од непријатело во твојте редој.

553. Излези ми пред очи, па гледај ме право в очи дури ме лажиш лажејќи се себеси.

554. Џабе збориш во ветар против ветар. Никој не можи да те чуе.

555. Шо ти треба аздисуањето, чоеку?!

556. Он живеј богато со себеси.

557. Ко ќе помислам шо се сум сторил и создал во оваа живеачка, ми иди бар малце да си се возгордеам.

558. Не бе, не сум те заборајл, туку неќу да се сетам на тебе.

559. Ебати родо шо не знај од кого је и кои му се ближни.

560. Кој лево, кој десно, кој поналево, кој понадесно, а ти во центаро.

561. Немало, ниту можи да има паметење сал по добро.

562. Шо Госпо врзуа, ништо живо не можи да одврзи.

563. Мене љубовта отсекоаш ми била жизнена и ќе ми биди дур сум жив.

564. И чоеко ко волко можи да се смени на лице, ама ќудта му је таа шо му је.

565. Светлио дух ништо не можи да го помрачи.

566. Секој на својто вистинско место под сонцето.

567. За разбирачка треба знајње, умност и добра волја.

568. И мене ќе ми биди добро ако им биди добро на мојте блиски.

569. Кога ти гори под нозе скокаш од страв жив да не изгориш.

570. Кабаетлијата не можи цел живот да се крие од народо али да го кријат поголемите кабаетлии од него.

571. На достојнио доследноста му је природена.

572. Една љубов различна од доживуање до преживуање.

573. Работите се јасни ко бел ден. Ако не си слеп при очи.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 386-446

574. Треба жив срам да те јади то шо предводник ти бил простак, неписмен и глупак.

575. Сè поголем им је уплаво од чесни и зналци поради улраденото и стореното зло.

576. Не му натурај на народо нешто шо и ти знајш оти за него не чини. Ќе те запизми и гневот врз тебе ќе го истури.

577. Низ нос ќе те излези богаството шо го натрупа со лажење, мамење и крадење на народо.

578. Полесно је да научиш да молчиш без ум одошто да збориш со ум.

579. Власта не је исто шо и прав домаќинлак затоа шо на домаќинлако политиката му је последна точка на дневнио ред, а на власта прва.

580. Џабе ти је да му плескаш в лице на безличен.

581. Те пренесуа жеден преку река, а реката дамна пресушена.

582. Не је работата да се продајш шо поскапо, туку ич да не се продааш.

583. Не вреди да го ватиш и в зандана да го затвориш, ако не го врати украденото азно од народо.

584. Крадено е чим не можи со мака и пот да се заработи.

585. Се со пари и за пари кога се се продаа.

586. Личбата иди од сакање.

587. Љубов ли је кога жената со мажо је помаж од жена?!

588. Не ти веруам ни кога пробуаш да ме каже!

589. Со ними тешко оти никоаш не било лесно.

590. Остај шо се обогатија со лажби и крадби, ами и никој ништо не им можи.

591. Тресе зелени, а зрели од него зависни му го поддржуаат тресењето.

592. На старос неќи да му се јави оти на младос си играла со негоата љубов.

593. Сè појќе му тежат годињето на оној кому му минало времето.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 1-57

594. Големо му је делото, ама нема кој да му го согледа и признај.

595. Непоправливото је меѓу стореното и она што требало да се стори.

596. Се сеќаам на тебе ко во магла да сме се разминале.

597. Ти кажале оти сум жив, само не за тебе.

598. На чоек во долга самотија му је сè едно и сеедно.

599. Чесноста је блескотна.

600. Се израсипа свето. Богатите се со леб преку погача, а сиромасите се радуаат на трошки од ними.

601. Парите едни отепуаат, друзи ослепуаат. Саде чоечкото во чоеко со пари не се купуа.

602. Шо подалеку од кругојте и кланојте.

603. Ако не можи брго од лошо на арно, бар лошото да се запри за арното да почни.

604. Со мене не можи никој ист како мене.

605. Макар нешто најмало за спокој и малу радуање.

606. Се сеќаа на тебе оти не можи да те заборај.

607. Доста од мене кога појќе не ќе можам.

608. Холемштилако те открива колку си мал.

609. И сокриен и далеку избеган ќе те стигне казна од народо.

610. Сега не им требаш, па не те бараат. А ќе те нема кога ќе им затребаш ко лебец насушен.

611. Ко змија отровна је мислата пакосна.

612. Ни со вас ни од вас ништо. Зато шо не сте за мене.

613. Со здравје пламенен, стамен и доблесен.

614. Поезијата је да се слуша, да се мисли, да се кажуа и во тебе да живеј.

615. Чоек издржуа многу за да му го докажи на свето чоечкото во себеси.

616. Обајцата ги боли то шо љубовта не им ни почнала.