Потребно време за читање: 3 минути

1. Најтешко со непријател кој ти се прикажуа ко најдобар пријател.

2. Најтешко се излегуа од калакурница. Зато шо је она без дно.

3. Младоста ми беше убаа оти имав многу љубови дури не ја пронајдов правата. На која ѝ предадов и живот и здравје и ум и дух.

4. Им се скиселиле лицата на давајгазовциве, ко да ги отпишале земајгазовците.

5. Шо сте се задумале толку длабоко? Оти иди дено кога ќе морате да го вратите украденото азно од народо и уште да лежите во мракој поради то?

6. А бе ти ич не си бил за сончогледоа политика. На исто си со овие како со оние шо скоро ќе ги сменат овие.

7. Ја во мојо живот немам сретнато паметен будала. А будалите на власт и до власта не можам да ги избројам.

8. Смеј се со оние шо ти се смеат пред лице. Не со оние шо ти се смеат зад грб.

9. Не уморија од саде почнуање, а за да не се продолжуаме.

10. Веќе не се издржуа од маки и трпение.

11. Љубима, немам толку мои зборој со кои да ти докажам колку болуам по тебе.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 121-183

12. Не мојме да се обединиме ако ни се најпрви различијата меѓу нас.

13. Нит’ сум ви веруал досега, нит’ ви веруам сега.

14 Лицем в’лци меѓу овци.

15. Можи нешто да заживеј ново, но откога ќе умри ко старо ем толку болно шо да не можи да се излечи.

16. И ја ќе бидам дури сум бил.

17. Баеѓи јадите трици. Некоаш и појќе од свињите.

18. Престанете да се препраате ко да сте невини. Дамна си ја продадовте невиноста за валкани пари.

19. Те паметам болно.

20. Кон горе, па кон долу и најсетне кон нигде.

21. Да си живејме наше време, а не од туѓини натурено.

22. Силни го делат свето, а слаби го сплотуаат.

23. Џабе нов почеток кога је вистина крај.

24. Уште малу али појќе ништо од мене.

25. Лажењето на политиците је заразна болештина.

26. Шо да прајме кога веќе немаме верба ни во никого ни во ништо?

27. Стар бел дедо игра мижитатара со смрт.

28. Тој шо се продаа ќе се продај и за пет пари за да му измеќари на богатник.

29. Не се замислуа љубов шо не је.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 310-385

30. Ич не је лесно да бидиш мајтапџија кога да не је трагично би било смешно.

31. Беше многу умен, беше многу учен, ама умре и брзо го забораија.

32. Првин да се разградиме и од окопите да излезиме, па после да се спријателуаме.

33. Ем без срам излегуате пред народо шо го испокрадовте, ем перде немате зад кое суратите би си ги подзакриле.

34. И да знајте вие, измеќаришта низаедни, скоро ќе нема никој да ве земи за свои измеќари.

35. Гласо на народо отсекоаш бил и ќе биди громовен кога не се сака да се слуша.

36. За мене си кажуам нешто само кога треба да го знаат оние на кои непара им се слуша.

37. Годините не се за броење, а се за постоење.

38. Се разбираме со наши гласој, зборој и знаци.

39. Ме најдува во сништата си онаа шо ме бара.

40. Погани луѓе-погани политиканти-погани властољупци-погана власт-погани измеќари…испоганета држава.

41. Се фатиле за раце апашишта и изроди, се заортачиле со туѓини ко нив, па тргнале против народ и негоа држава.

42. Очај, јад и страд на народ во трпеж-крпеж.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 184-236

43. Џабе е шо мора ако остани на мора.

44. Пробајте да им ја откриете заднината. Преднината одамна сами си ја имаат откриено.

45. Не можи само здравје за против надвор од разумо.

46. Лепешкари на власт кои ни муви не ги лазат.

47. Жално, ама неминовно:
Уште долго црни деној без ниеден бел.

48. Зар да ми се дај нешто кога веќе не ми треба ништо?!

49. Срце ме боли од љубов непреболна.

50. Властодржачки ем властољубиво:
Власт против народ за уште власт.

51. Мора со стапој во раце против растурикуќи, неранимајковци и изродници на власт. Дур не се сотрат до последен.

52. Сите послушници, измеќари и лигуши во бестрага, предводени од неарен во умо.

53. Ми се темни пред очи кога ќе ги видам како се прикажуаат ко невини и оти не се можи напред без ними.

54. Ја не разбирам како си дозволуа некој на власт будалаштина за мајтапење и паметење.

55. Застрашуање на народо? Тоа појќе не ви игра, застрашени.

56. Така силно народо ќе ве тресни од земја, шо ќе се распарчите да не можите никако да се состајте.

57. Без тебе неживот, љубима.