Потребно време за читање: 3 минути

237. Секој шо ќе гласа за натуренава предавничко-апашка власт за пак да биди власт, жив срам да го јади дури не умри.

238. Уште не ви текнува шо ќе ви се случи? Џабе уште лажите и сè појќе се залажувате.

239. Вашио крај не мириса, ами базди.

240. Ни души во вас.

241. Ја да сум на ваше место, ја моментално би фатил џенем.

242. Саде чесен и искрен горд на себеси.

243. Народо ќе ви суди и правилно ќе ви пресуди.

244. Ни пристојна живеачка на стари години со создадено непроценливо богаство.

245. Не постоиме еден за друг оти не сме си требале и не си требаме.

246. Кроење и шиење за крпење.

247. Душмани на народ на власт против народ.

248. Глупавштините ни за смеа не ви се.

249. За гол животец сте дури украденото од народо нему не му го вратите.

250. За во беспаќе сте, неранимајковци и растурикуќи ниедни!

251. Покријте си го срамо. Веќе не личите на луѓе.

252. Си го патат непатеното мртвите живи.

253. Една љубов во сон недосонет.

254. За да бидиш наш, првин треба да си свој и мој.

255. Му боктисавте на народо со лагите и крадбите, ама не запирате и не престанувате. Надевајќи се оти ќе ве поддржи факторо како досега.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 58-120

256. Ко да нема никој шо је на власт да признај оти не бил и не је со сите.

257. Не разбираш шо ти било пишано, туку читаш ко шо ти пишуваат.

258. Треба како нам ни одговара, а не ко шо они наумиле да биди.

259. Кога избираш, имај на ум оти во исто време избираш и за и против.

260. Најтешко за тебе је ти искачен на врво, а околу тебе провалија.

261. Ти ја греј душата сиот род собран околу домашното огниште.

262. Го замајуваш народо оти сакаш власт за негово добро, а он се крсти и ти вика: „А бе ти си бил ептен недоветен!“

263. Се губат во очајо очајнициве!

264. Здраворазумен совреме разбира кај му је местото и шо треба да прај.

265. Од мене немате ќар, ама немате ни зијан. А баш зијано од вас ме дотурка на ова дереџе.

266. Ништо не можи да се напрај со незнајковци и подлизурковци.

267. Нерадо зборам за себе, ама има нешта кои просто не се за премолчување.

268. Одамна не се надевам на ништо заедно оти одамна ме имаш забораено.

269. Се мени времето и чоекот со него колку шо је во него.

270. Се праат ко да је нивно, а не ни чуле за мене ни оти је од мене.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 121-183

271. Жалам чоек шо не ни проба да научи колку вреди да се живеј вредно.

272. Полојна век создателен во живот достоен.

273. Како чоек стареј, он сè помалу мисли на денешо и утрешо.

274. Варди се од оној шо се изгубил себеси во својо ум.

275. Колку шо ја знам, кога се избира нито се победува и поразува, нито се наградува и казнува. Само се избира.

276. Меѓу секидневни убајни и по некоја грдост.

277. Секој секако кога не може али не знај некако.

278. Најголема казна за злодеец и злонамерен: бришење на секоја негоа трага.

279. Вие уште со ними, за да ви праат шо сакаат и како ними им чини?!

280. Власта не је за слугуање и коленичење пред туѓин, ами за праење добрини на народо.

281. Во беспаќе чоек ем без корен ем бездомник.

282. И паѓаш и стануаш во живото дури си. Веќе не си кога по паѓање не можиш да станиш.

283. Трпиш дури можиш и дури појќе немаш снага да се држиш испраен.

284. Било нешто со неа штом не ја заборааш.

285. Кој има мака со нечии многу години, има мака со својте.

286. Животворноста не можи ништо да ја надмини.

287. Ако не живејш за ништо и за никого, значи не живејш.

288. Отсекогаш сум бил години и години понапред од мојто време, ама то се узнавало предоцна од други.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 1-57

289. Гледам од напред понапред.

290. Денес е шо ќе биди утре.

291. Неколцина се шо не сакам ни да ги запознам.

292. Одамна не си каква шо ми беше.

293. Не можиш да играш нешто ако не знајш да го играш.

294. Правио домаќин припознаа добронамерен гостин и злонамерен натрапник.

295. По очајно страховладеење пораз и растурање.

296. Сè ви је на бело видело, та џабе се обидуате нешто да покриете или сокриете во мрачнина.

297. Поарно напуштај мизерна партија, одошто да продолжиш со мизерно политикантско слуганство.

298. Народо ќе ве збрише, властодршци и властољупци.

299. Стари на млади, млади со стари.

300. Бидејќи никогаш не ни било полошо, мора да тргниме кон добро.

301. Саде добрини и убајни во срцата ни.

302. Стоењето во место знај да биди полошо од чекоро назад.

303. Сака да им биди на чело на сите, а не ги вади од уста негојте и нивните.

304. Од многуте зла шо му ги сторивте на народо кое од кое поголемо.

305. И валкано и црно од тебе оти си прост.

306. Мудрио је светол чоек.

307. Од мене за некои понешто.

308. Од рани зори песна слободарска.

309. Се мачиш да ме заборајш.