Потребно време за читање: < 1 минута

40. Писма

На дното на ковчежето здогледа врзоп пожолтени неадресирани писма, без поштенски марки и печати. Кому му ги пишувала нејзината роднина, а не му ги испратила? Не некој најблизок? На некоја голема љубов? Дамнешна? Прва? Последна?

Ја замисли со години деноноќно сама и осамена во атикот на старата семејна куќа препуштена на времиња и невремиња. Како полека гасне, како бавно и неповратно ја напушта здравјето.

Ја погреба сама, единствено таа ја испрати во нејзиното вечно почивалиште.

Долго го држеше врзопот писма в раце, но не се решаваше да почне да ги отвора, да ги прочита.

Ги врати на дното на ковчежето, под песочниот часовник, златната бурма, сребрениот брош пеперутка, црвеното шамиче и врзопот фотографии со неа од најрана возраст до длабока старост.

Ковчежето го сокри во најтемниот агол на атикот. Сигурна дека нема да биде пронајдено дури време или невреме не ја урне до темел семејната куќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here