Потребно време за читање: 4 минути

584. Има нешта во животот и по смртта кои можат да се простат, но никогаш да не се заборават.

585. Сум издржал многу пакости и неправди оти сум човек.

586. Аманет за потомци:
Од мене наследувате само грандиозно мислечко и книжевно творештво. Ништо друго. Правете со него што сакате.

587. На осамен човек во години му е неважно дека е уште жив и доволно здрав.

588. Се извинувам за моите искажани слабости.

589. А бре недоветна ќурко,
27-ми април не е еден од „најцрните денови“, туку најпеколен во поновата историја на Македонија и македонскиот народ во режија на власта!

590. „Подновената“ предизборна кампања на СДСМ и Пендаровски е црна, недолична и контрапродуктивна. Резултат на очај.

591. Личен став:
Преводот на книжевно дело е излишен (секој може да го преведе во секое време, на пример со помош на Google translate и со симултан „звучен“ превод) , а препевот е нова песна со споделено авторство (меѓу создавачот на песната и препејувачот).

592. Партиските слуги гласаат на избори беспоговорно за своите челни партијци-докажани предавници и апашишта.

593. За грешките секако ќе одговарате, а украденото од народот секако ќе го вратите. Сè сокриено и што не може да се сокрие.

594. Ти меѓу лица грди и убави, застрашени и надежни, претсмртни и жизнени.

595. А зошто не експертска Влада со премиер-политиколог?
А зошто пратениците во Парламентот да не примаат просечна плата?

596. Каде има слободен пазар? Не знам за таков негде во светот. Знам за регулиран и со слободна конкуренција.

597. Најмногу се почитувам себеси поради чесноста, искреноста, достоинственоста и посветеноста на создавањето дела.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 195-250

598. Зошто властодржачки привилегии?!
Јас сум за укинување на сите привилегии поврзани со владеење.

599. Човекот со човештина, доблест и дело ја победува својата смрт.

600. Влијателен? Може со дело, ако има зошто.

601. Тој е заслужен, но вие не го заслужувате.

602. Сал два-тројца знаат за мене и моето грандиозно мислечко и книжевно творештво-единствено на светот? А зошто да знаат повеќе?!

603. Ме нема?! Добро, ме нема.

604. Ниту форма и содржина, ниту форма на содржина, ниту содржина во форма.
Содржината прави форма која ѝ одговара.

605. Важно е да се знаеш себеси. И ни да се преценуваш ни да дозволиш да те потценат.

606. Мора сè од почеток:
Укинување на властодржачкиот имунитет! Кој е заштита од одговорност за коруптивно и предавничко владеење.

607. Последна шанса од твојот глас да зависи опстанокот на Македонија и македонскиот народ во неа!

608. Делотворна личност обединува и предводи.

609. Само од тебе зависи што ќе биде со тебе кај што си.

610. Твојот глас за видни, умни, учени и творечки личности или за полуписмени слуги покорни, измамници и предавници политикантски.

611. Ако не ја сакаш земјата што те храни и те прави човек, остави ја, напушти ја, барај друга.

612. Интерес за живот. Не живот од интерес.

613. Секогаш е најтешко пред самиот крај.

614. Рамнодушноста спрема сè во претсмртен час.

615. Развластувањето по долго владеење разболува неизлечиво.

616. Долго неподносливо живуркање до непостоење.

617. Делби до поделба и разделба.

618. Во Македонија СДСМ и ДУИ се синоними за предавничка и мафијашка власт.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 328-408

619. Ќе гласа ли некој за предавници, апашишта, слепци, лигуши и идиоти на власт?!

620. Не гласаат на избори или гласаат против Македонија само ѓубриња антимакедонски.

621. Конечно!
Победа на Македонија и македонскиот народ!
А од утре деноноќна борба за македонската сегашност и македонската иднина!

622. Јас, стар бел дедо и непризнаена мислечка и творечка личност со грандиозно творештво, сум подготвен за нов почеток. А ти?

623. Одамна напишав дека СДСМ е клинички мртва.
Сега нагласувам:
Македонскиот народ ја фрли СДСМ на политикантското буниште.

624. Очекувам став на стратешкиот партнер САД и ЕУ за тивкиот бојкот на ДУИ за да не се постигне цензус на претседателските избори.

625. Што се однесува на мене лично, на мојот животен стандард, општествениот статус и на моето творештво-не очекувам баш ништо.

626. Чиста победа-непреживувачки срамен пораз.

627. Смислата на работењето е да се работи она што се сака и се умее, а на дејствувањето менување или продолжување.

628. Успешна политика: сè домислено, во сè промислено, кон сè и за сè мудро.

629. Со дела против сила.

630. Досега како било, но отсега само како може и мора.

631. Обиди се да си одговориш пред да прашаш.

632. Напред доследно и доблесно.

633. Сè на свое место со вистински луѓе на свое место.

634. Секој на свое место за да биде свој на свое.

635. Доста меѓу секако и никако. Време е за вака и така.

636. Од најпрво: доследност, достоинство и доблест.

637. Создавањето дела за спокој на мислата.

638. Дали е можно да можеш што не може никој?

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 929-1.000

639. Те препознаваат по гласот и писмото.

640. Еден твој и многу светови од тебе за други.

641. Можно е и во твоите спомени да ме нема?!

642. Немаш речник штом не читаш.

643. Што мислиш за моите дела ако мислиш со знаење?

644. Белки ќе им оставам нешто на ближни за паметење.

645. Празен во празнотија, осамен во самотија.

646. Менување или исто, а времето ни се троши.

647. Живеј во спокој додека си уште жив.

648. Најболно во молк до исчезнување.

649. Македонија има претседателка-Гордана Силјановска-Давкова!
Честитки со безгранична доверба и лична поддршка со сето мое стекнато знаење, животно и творечко искуство.

650. Најпрвин мислата слободна.

651. Најлесно предавство со изродници, платеници и недоветни на власт.

652. Човек на право место, со лично достоинство и доследност.

653. Со сигурни чекори напред:
Рамномерен развој на сè во државата и општеството.

654. Мали нешта радуваат, големи восхитуваат.

655. Го менувам она што не ми одговара, се прилагодувам на она што не зависи од мене.

656. Меѓу многу љубови само една најжива до смрт и по неа.

657. Јас сум човек во години, при ум и со нескротлива творечка енергија.

658. Меѓу мали големци нема мал, а голем.

659. Големо, широко, жизнено, радосно, разиграно, полетно-вљубено срце.

660. Сум помагал и помагам како било ни за возврат ни за паметење. Зашто требало и треба.

661. Не очекувам од никого ништо, ниту се надевам на нешто од некого. Стојам цврсто на свои нозе.

662. Сиромав, но чесен, доблесен и вреден.