Потребно време за читање: 3 минути

70. Историјата ја пишуваат победници и поразени, а ја создава животот.

71. Кој ме почитува ме почитува, кој не нека тера без мене.

72. Ниту сум бил, ниту сум со некој без взаемно уважување.

73. Жал за секој осамен во самост.

74. Сѐ против народот, негово тормозење, застрашување, неизвесност, бесрамно лажење и крадење, а за…вонредна состојба.

75. Се накотиле ѓубриња и идиоти што да не можат без власт.

76. Само во држава на мафија, поддржана од стратешки партнер и меѓународен фактор, може со неподнослива леснотија да се крадат милиони, дури милијарди долари, евра, стока, природни богатства…сегашност на народ и негова држава!

77. Многу дадов, ништо не добив-сѐ од мене со мене.

78. Жив е, а го има како да го нема.

79. Од нив ништо за заборавање.

80. Ме крепи слободата на мислата и творештвото.

81. Ќе се издржи? Можеби, само не се знае до кога и каде.

82. Прашање на наивен и збунет до стратешкиот партнер САД:
Стратешки партнеру,
Кој ти е интересот држава на мафија и во распаѓање да ти биде стратешки партнер?!

83. Политикантски пратенички идиоти, самопрогласени за поголеми енергетски експерти од експертите, гласаат за стратешки енергетски закони.

84. Прашање за чудење:
Зошто да објавам мое мислечко или книжевно дело во хартиена/печатена форма-како книга?!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 328-408

85. За творецот е важно создавањето дело. Не создаденото.

86. Си се прашам:
До кога владее мафија во држава на мафија? Да не до нова мафија на власт?

87. Не ја разбирам таа страст да се биде власт!

88. Не ми се верува:
Со пари се купува невиност како на политичар, така и на политичарка?!

89. Дефинитивно:
Нема спас од политиканти на власт.

90. Пратениците во Парламентот-партиски послушници се мивки со кои експертите бришат под.

91. Со стратешко партнерство САД поддржуваат мафија на власт во Северџганија!

92. Дали на парламентарни избори може да учествува и мртва партија!?

93. Прашувате бесрамни политиканти, туѓински платеници и слуги како не им е срам?! Па да им е, не би биле што се!

94. Вреден ти е животот, човечен човеку.

95. Имам несомнен став.

96. Не се обидувај да следиш моја трага. Ќе те однесе во бестрага.

97. Моето создавање дела е макотрпно и долготрајно. И кога трае само миг.

98. Ти значам штом понекогаш помислуваш на мене и се прашуваш дали сум уште жив.

99. Премина од жизнена во безживотна самост.

100. Ништо од тебе. Како досега.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 251-327

101. Паметам љубови неповторливи.

102. Самотник:
За жал, не е можен никаков личен контакт со мене. Тоа е така и не може поинаку.

103. На маргиналецот најмногу од се му е маргинално во животот.

104. Годините натежнуваат се повеќе со опити, а се помалку со неизвесности.

105. Секогаш малку за мене во за мене и за други.

106. Испеав песна со слободоумна игра на зборови.

107. Едно и неповторливо дело човечко е најдрагоцено.

108. Да сме живи и колку може поздрави во невреме до време.

109. Заобиколи ме ако ти стојам на патот.

110. Не сум ти рамен како што не си ми.

111. По трепетот те препознавам, љубов исконска.

112. Политикантот на власт е зол и злосторник.

113. Внатрешниот непријател секогаш има заедничка цел со надворешен.

114. За пари и без пари се продаваат.

115. Политичар-колку тоа сметкаџиски звучи!

116. Зошто се предлагаш кога не те предлагаат?!

117. Малите дела не му претходат на големо, туку го следат неговото создавање.

118. Не сакаш кога не ти се сака.

119. Разбира кој разбира, а кој не разбира обично разбира предоцна.

120. Многу излитени зборови во говор на полуписмен и недоветен предводник.

121. Јас и по тебе како пред тебе.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 471-583

122. Неприкосновена убавина само за мене.

123. Незапирно од едно во друго дело.

124. Јас создавам за човек и луѓе.

125. Во мене творечки оган неугаслив.

126. Што можеш ти за мене? Можеш што било, ако ти значам нешто.

127. Мојот духовен во ничиј материјален свет.

128. Љубов како длабока болка и неизмерна тага.

129. Или си на вистинската страна или си зазел страна.

130. Можеби ќе ме најдеш, ако ме бараш.

131. Кога ја губат власта, мафијашите на власт обично почнуваат да се убиваат меѓусебно.

132. Те впивам во моето срце.

133. Партијата СДСМ, во претсмртен час или веќе мртва, најголемиот внатрешен непријател на македонскиот народ и неговата држава, не може да ја одржи во живот ни јавно ни тајно мислење.

134. Геноцид, етноцид, наци-фашизам, ДУИ-џиско-СДСМ-овска мафија на власт-во Македонија!

135. Внимавај на местенки од наместени.

136. Која мизерија на мафијашка власт!

137. Со вакви идиотски апашишта не држава, а логор, а гето, а резерват за народ што трае и трпи.

138. Чесен и достоинствен што подалеку од вас, туѓински платеници, слуги покорни и токмаци на власт.

139. Ќе ви дојде крајот со се на виделина.

140. Гневен, јадосан и беден народ ќе ви суди, аздисани изроди!