471. Македонија може да чекори напред само по свој-автентичен пат и со единственост.
472. А зошто ти не се викаш како јас, кога сосила ме разнебитуваш и ме тераш да сум ти?!
473. Голем човек е мудар создател.
474. Убави жени со мене, а не се.
475. Живее во тебе до смрт оној што живеел со тебе.
476. Црна предизборна кампања на валкани партии во борба за власт.
477. Беда и сиромаштија:
Трошоци само неминовни, леб и сол, глад и жед, парче земја плодородна, живуркање сега без ни помисла на утре.
478. Со вредни дела на творечки личности во свет на просечност.
479. Јас сум Македонец кој се гордее со своето грандиозно мислечко и книжевно творештво. Единствено на светот!
480. Вистината не се мери, туку се открива и докажува, вистиномери ниедни!
481. Власт која го дели народот мора да се развласти. Зашто им служи на туѓи интереси.
482. Навредуваш од немоќ.
483. Политиката е определба, увереност, заложба, визија и конкретно дејствување. Нејзина сушност: чесност, доследност и стаменост.
484. Опозиционерска морална вертикала во жестока борба против властодржачка неморална хоризонтала.
485. Партии предводени од политиканти, хохштаплери, мафијаши и идиоти владеат со беспомошен народ.
486. Заслуга без заслуга.
487. Нема ништо ни од нас ни за нас без признаени вредности.
488. Немам свој што е нивен.
489. Што и каде по последно треснување од земја?
490. Суштествено:
Пред пропаст или во пропаст.
491. Творец не твори бесцелно и кога е во безизлез и кога е во беспаќе.
492. Стратешко пеколно сценарио-дел од геостратешко!
493. Нужни се саможртви. Без нив ништо. Да, и самопожртвуваност.
494. Идиотизам на геостратешки воен идиот:
Убиени илјадници невини луѓе? Нужна колатерална штета.
495. Во очај животот безвреден.
496. Нема што да очекувам. Знам.
497. Можам да им помогнам, но очигледно моја помош не им е потребна.
498. Што јас кога би бил? Сосем неважно.
499. Во секое време се издржува какво било невреме. Лесно или тешко.
500. Не верувам во ветено утре, туку во обврзувачко денес.
501. Реалноста не се гледа низ црни или розови очила.
502. Без чисти образи и со глупави ветувања пред народ, во обид од него пак да добие доверба за безгранично, предавничко и мафијашко страховладеење.
503. Не само срамен пораз, туку и срамно самоуништување.
504. Почнаа да се дават во матната. Притоа, дури меѓусебно не се помагаат.
505. Ќе морате да му положите сметки на народот, однародени.
506. Многу нешта од него досега ми велат дека ќе го нема отсега.
507. Не е и не може сè да биде бизнис. Има нешто што се вика култура и духовно творештво. Да, и тие на пазар, ама со сопствени беспоговорни вредности.
508. Празен живот од и за празноглави.
509. Кој што може и заедно што треба.
510. Ни се видело ни се чуло досега!
Претседателот на Македонија ја прогласи за криминална организација најголемата македонска партија, учесник во власта како опозиција и актуелна локална власт!
511. Со дела се докажуваш кој си, што си и зошто си.
512. Човекот заслужува најголемо внимание од луѓе со него.
513. Успех е она што те исполнува и му дава смисла на твоето постоење.
514. Макотрпно создаваш во свој вредносен свет.
515. Не постоиш за оние што никако не те познаваат, ниту им требаше за нешто.
516. Политикантство-интерес-кариера-богатство.
517. Минливото е дребнаво, неважно, дури бесмислено. За минливи нужно.
518. Почетокот на посветеноста е во љубовта.
519. Злодејци бараат од народот власт за да ги довршат последните злодела врз него.
520. Кој ме знае, знае кој сум.
521. Ако ништо друго, барем почитувај ми ги годините. Белки знаеш што значат тие.
522. Не може да се формира нација во држава со исконски народ и малцинства. Таму кај што е насилно формирана, таа нема иднина.
523. Уставот устројува држава, не општество. Следствено, „граѓански устав“ е нонсенс.
524. Политичарот не е за владеење-водење-раководење-менаџирање со државата. Туку за влијание-насочување-идеологија во општеството.
525. Што ме тера да создавам деноноќно? Ништо. Само се обидувам барем неколку мига да ја скротам мојата нескротлива творечка енергија.
526. Лесно се препознаваат историски избори. Во Македонија тоа се оние од кои зависи опстанокот на македонскиот народ и неговата држава. Пред исчезнување ги доведе досегашната СДСМ-овско-ДУИ-џиска велепредавничко-мафијашка власт.
527. Не можете како досега, а не знаете како отсега. Па како со вас?
528. Срамно!
Воинствени извици проследени со закани како поддршка на лидерски примитивизам и простаклак.
529. По многу може ништо.
530. Не е можен соживот со освојувач и насилник.
531. Пред сечиј крај или-или.
532. Ако не сме, нема да бидеме.
533. Сè подалеку еден од друг без наша љубов.
534. Јас, мислител и творец, не сум политичар, а не ни помислувам на власт. Зашто власт која ги ограничува правата и се плаши од слободоумноста нема врска со политика.
535. Признавате дека владеејќи сте правеле грешки? Е, ај сега кажете ги последиците од нив. Или да ви ги изнакаже народот македонски?
536. Секој мора да разбере:
Тој што нема да излезе на избори и да гласа е против сегашноста и иднината на Македонија.
537. Бадентеровиот принцип е нонсенс кој нема никаква врска со правичноста. Исто како консензусот со демократијата.
538. Еднакви можности според способности.
539. Давам личен придонес со она што сум, го знам, го можам, го работам и го создавам.
540. Ставам свој печат на времево што го живеам. За мое препознавање и наш живот.
541. Многу за паметење од што сме биле до што сме.
542. Секој и сечиј свет со четири страни.
543. Он не знае што зборува во очај од неминовен пораз.
544. Човек може многу со човек. Со нечовек ништо.
545. Љубовта не умира додека е.
546. СДСМ и ДУИ на раб на бездна. Или скоро во неа или внатрешна чистка и преродба.
547. СДСМ-овска небулоза:
Нема откажување од иднината. А има од минатото и сегашноста?!
548. „Сега или никогаш“ и „Да се биде или не“ секогаш се наспоредни во судбоносно време. Како нашево.
549. Зависи од нас? Секогаш најмногу.
550. Се засилува реализацијата на пеколното сценарио за прекројување на светот, проследено со безогледно лицемерие.
551. Во темелот на државата:
Економија-Бизнис.
Во темелот на општеството:
Култура-Духовно творештво.
552. Човечката цивилизација пред распаќе? Несомнено и очигледно!
553. Се плашам дека борбата на зломислата и злонамерата против слободата и демократијата од ден на ден ќе станува сè пожестока и покрвава.
554. Мора да биде сè во ред по уништувачки и самоуништувачки неред.
555. Се браниш себеси, меѓу другото бранејќи ги пријателите од пакосни непријатели.
556. Геноцид и етноцид врз македонскиот народ за уништување на неговата држава и конечна делба меѓу соседите.
557. Баш ме интересира дали по доживеан катастрофален пораз тој ќе покаже макар со јота лично достоинство да ја напушти власта.
558. Пред буништето на велепредавничко-мафијашкото политикантство! Ако постојат уште некое време, ќе треба сами да се фрлат во него. И тоа што подлабоко.
559. Дали ќе гласате за своите властодржачки фантоми?!
560. По своја врвица кон врвот многу, многу внимателно!
561. Не признавам никого? Напротив! Ги признавам сите што ме признаваат.
562. Добро е да си самоуверен. Но, притоа и реален и имајќи ги предвид последиците.
563. Развластувањето е најболно за платенички и слугински владетел.
564. Докажуваш дека имаш лично достоинство, ако по тежок пораз се повлечеш од позицијата на која си или претендираш да бидеш.
565. Денес со вчера и утре со народ предводен од опитни, учени, мислечки и творечки личности.
566. СДСМ кажа дека граѓаните ја казниле, но не кажа за што. И ни збор за последиците. Не знае?!
567. Во Македонија се води партиска борба и борба за национално единство. Не борба за политички идеологии.
568. Создавање вредности, вредности, вредности! Единствена смисла на индивидуалниот и колективниот живот.
569. Медиокритетот мисли дека знае, а не знае, ниту сака да знае за да знае.
570. Посакувам да се бара од мене повеќе како мислечка и творечка личност. Иако веќе создадов грандиозно творештво, единствено на светот.
571. Важно е кој колку може според годините и здравјето.
572. Нема поголем срам за власт што ја бранат со идиотизми неизлечиви идиоти.
573. Само празноглав до обезглавување удира со глава во ѕид.
574. Немаш каде оти си за никаде.
575. Народот дигнат на нозе не можете да го придобиете, да го излажете или да го замајувате со итроштини.
576. Да ме бараат? Зошто?! Јас сум само мислечка и книжевна личност, со грандиозно творештво, единствено на светот. Да, и стар бел дедо.
577. Не, СДСМ-овци, не ја разбирате пораката од народот. А таа е многу проста:
Повлечете се од иднината оти нема иднина со вас.
Он ќе ви суди за урнисувањето на неговата сегашност сосе неговото минато.
578. Партиско или-или по изборен дебакл:
Или исчезнување од политичката сцена или сè одново-од идеологија до работа за народот.
579. Разумни луѓе совреме сознаваат дека е подобро без нив.
580. Не е лесно да се изгуби власта само кога е таа за богатење, мафијаштво, непотизам, клиентелизам и предавства.
581. Не може да не се успее со умност, знаење, опитност, доблест, доследност и достоинство.
582. Најважно во зрели години е да стоиш цврсто на свои нозе.
583. Сме се заборавиле? Жално.