Потребно време за читање: 3 минути

141. Неснослива смрдеа од властољупци на власт се шири во геноцидниот и етноциден логор Северџганија!

142. Порака:
Багро властодржачка и велепредавничка, многу скоро ќе наебете од прави македонски патриоти!

143. Да се знае!
Личните северџгански документи не постојат за правите Македонки и Македонци. Тие се само за покажување на северџганските власти и условувачи!

144. Генозид-Етноцид-Наци-фашизам!

145. СДСМ и ДУИ, со несебична поддршка од „стратешкиот партнер“ САД и ЕУ, од Македонија направија единствен логор на светот! Во кој Македонците и Македонките насила ги преименуваат како Северномакедонци!

146. Не постои теорија на заговор! Постои заговор на натурена мафија на власт и нејзин стратешки партнер, а против постоење на македонскиот народ и неговата држава Македонија.

147. Што се случува во културата? Исто што се случуваше досега-северџганизам. Или: некултурно мафијашко поле за договорна (коалициона) примитивно-бедна кражба на народни пари. Како во сите други сфери на мафијашко владеење-дивеење.
Одвратно и гибелно!

148. Се готви нешто за забиберување.

149. Ни дошле преку глава и уште доаѓаат.

150. Во туѓ дом бездомник.

151. Скита во недогледна пустелија.

152. Ќе достоиш ли стамен на ветромет?

153. Да дејствуваш однадвор е полесно од однатре.

154. Тргај напред оти одамна нема назад.

155. Во мене е уште жива нашата љубов. А во тебе?

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 1-69

156. Јас безначаен зашто ништо вредно од мене? Така нека биде! Но, зошто сме заедно?!

157. Во мене и од мене позитивна или негативна енергија? Само творечка-нескротлива.

158. Ќе прифати ли макар една здраворазумна, самосвесна и достоинствена личност да биде кандидат за претседател или пратеник на клинички мртва велепредавничка и мафијашка партија-СДСМ?!

159. Политиканти и мафијашки политичари,
Не ни помислувајте да му ветувате на народот македонски, без гаранции и рокови на исполнување. Ќе ве отера во мајчината.

160. Никој не треба да ги знае премрежјата што сум ги надминал. Можеби само како искуство.

161. Непоправливи грешки оти веќе се нема време за поправање или е друго време.

162. Немаш кому ни да се пофалиш ни да се пожалиш затоа што си одамна без никој свој.

163. Иде крај во кој ни денот е ден ни во ноќта има зрак светлина.

164. Се разбира дека не може да се заборави она што се згрешило, а не може да се поправи. Но е подобро да не го ни спомнуваш.

165. Ме прашуваш за да не ме послушаш. Не ме прашувај за да си го потврдиш одговорот.

166. Нема за што да жалиш ако нешто како твоја трага за по тебе оставаш.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 70-140

167. Нема во заборав таена љубов.

168. Северџганско правило:
Колку повеќе платен, толку помалку обврски и одговорности.

169. Вистината е едноставна, а се проблематизира нејзиното излегување на виделина.

170. Голем човек не издржува долго меѓу мали.

171. Непризнавање на јазик пред сè значи негирање на национален и културен идентитет.

172. И лажат и крадат за нивно добро на сметка на народот.

173. Душманите сами се соголуваат до гола кожа пред избори. Не успевајќи совреме да се сокријат меѓусебно.

174. Не може парче земја да биде твое сè додека не живееш на него чувствувајќи го како свое.

175. Не вреди богатство без дело со мудрост, спокојство и време.

176. Прво да ми се докажеш како политичар, не како политикант. После мојата доверба.

177. Наивно е дури да се мисли дека не му е до владеење за лично богатење, туку само за добро на народот.

178. Во геополитичките игри нема големи и мали играчи, туку јаки, слаби и нивни трабанти.

179. Мислител и творец-самосвесна, слободна, независна и влијателна видна личност.

180. Немаат никаков срам оти се голи пред народот. А веќе ни со маски не си ги кријат лицата.

181. Умни нема кај што владеат будали.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 409-470

182. Тешко на народ јадосан, гневен, а безгранично трпелив.

183. Љубовта е цвет што не свенува ни во заборав.

184. Против лаги, пакости, подлости, лицемерие и простаклак-горчина и гнев.

185. Масовно излегување на Македонците на претстојните  претседателски и парламентарни избори со гласање за своја сегашност и своја иднина-последна одбрана на македонизмот/македонството/македониумот и Македонија-држава на македонскиот народ и малцинствата што со векови живеат во неа.

186. Дијагноза:
Квазилидер на клинички мртва партија не верува во победа на избори, па вреска победнички и удира со тупаница на говорница.

187. Не се срамат од себеси за сите зла што му ги сторија на народот.

188. Сосем искрено:
И мене не ми значи ништо од мене создаденото. Само создавањето ме одржува во живуркањево.

189. Доста со што би било кога би било! Помирете се со тоа дека не е и не може да биде.

190. Јас создадов и направив многу за ништо. И никој не ми е виновен.

191. Само со вредности е можно напред.

192. Моја упоритост: со збор, мисла и дело.

193. Може без љубов? Зависи што, каде, кога и со кого.

194. Гледам испоплашени луѓе. Не ги прашувам од што зашто знам. Се плашат од себеси.