Потребно време за читање: 4 минути

328. Ти не си таа што ми беше.

329. Премина преку сè, прифати оти мораше и прифаќаш оти мораш, но горчината во тебе сè повеќе станува гнев.

330. Имам големо и широко срце за сите што ги љубам.

331. Како да ми се оддолжиш? Пробај некако.

332. Бесцелно и залудно било од мене? Ако за тебе да, не значи за сите. Само жалам.

333. Не пораз на избори, а гаснење-исчезнување-смрт на велепредавничка, изродничка и марионетска партија на власт.

334. Нешто сосем лично:
Никому не му се натурам со ништо. Најмалку со моето творештво. Само објавувам дела на Интернет. Ништо друго.

335. За СДСМ Македонија е „Мапет шоу“?!
СДСМ-овски тапоглавци,
Со тоа што „слушнавте“ дека претседателски кандидат ги навредил пензионерите, наводно изедначувајќи ги со двајцата старци „коментатори“ во „Мапет шоу“, сами признавате дека за вас Македонија е куклено шоу!

336. „Жива срамота е македонскиот мислител и книжевник Љупчо Димитровски, со грандиозно творештво, да преживува пензионерски!“.
Зошто и за кого „жива срамота“?!
Да, пензионер сум, со пензија доволна колку за преживување во моиве години, но сум си свој на свое-слободен, независен, исправен, стамен и творам достоинствено!

337. Не им дозволувам на ништожници ни да ми се доближат.

338. Презирам подмолен и лицемерен непријател.

339. Искрено,
Горд сум на она што сум го создал и го создавам, а не си ги простувам грешките поради кои страдаат мои ближни.

340. Цел живот се докажувам на себеси со дело.

341. Отровна реа од гној и измет властодржачки!

342. Ајде на ред и со ред. Доста е преку ред.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 409-470

343. Партиски послушник-партиски заробеник-партиец без свој ум.

344. Самоувереноста се истакнува кога е разнишана, поготово изгубена увереноста.

345. Тежина без леснина во сегашност сосе иднина.

346. Ниту си постоел, ниту постоиш ако си се откажал од своето минато.

347. Знам многумина кои не ме ни познаваат. Безразложно.

348. Просто е: не сум за тебе штом ти е полесно без мене.

349. Небезбедна, нефункционална и неправна држава-држава на мафија.

350. Неразбрани и изроднички политиканти не знаат да губат достоинствено.

351. Политички идиотизам е власта да се сфаќа и прифаќа како страховладеење.

352. Одвратни се со лигавењето и болното преживување на самоуништувачки пораз.

353. Не е проблем определбата, туку личниот интерес пред сè.

354. Му аплаудираш на тапоглав лидер на твојата партија. Значи, и ти си тапоглав.

355. Нервоза, незадоволство, маски на лицата-на чекор до политичкото буниште.

356. Останувам свој на своето до смрт.

357. Жив сум, но одамна не во твојот живот.

358. На добро ми вратиле со зло, па не сме заедно.

359. И мојот творечки свет е единствен. Како на секој творец со нескротлива енергија.

360. Ме нема кога никому не му требам.

361. Како ми е, така ми е. Сè повеќе неменливо и неминливо.

362. Ве поздравувам сите што ме паметите како било и ви посакувам повеќе спокој одошто неизвесност.

363. Искрено, воопшто не ме интересираат согледбите и оценките на критичарите на моите дела. За мене се тие бесполезни.

364. Познавам писатели и критичари кои не можат да ја потиснат во себе омразата спрема други, та ја изразуваат во свое дело на видело.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 195-250

365. Примитивниот дух не создава вредности, а унижува, урива и брише вредности создадени од други.

366. Што стана со мојата идеја за формирање Македонска книжевна академија-МКД?
Ништо не стана. Веројатно нема ни да стане дури сум жив.

367. Неостварливите ветувања не се лаги, туку самозалажување.

368. Полесно е да се справиш со наивен глупав одошто со простак.

369. Во политиката интересот е колективен, а во политикантството индивидуален.

370. Не сакам ни да те именувам, пакоснику.

371. Признавање на вредност на дело е и доблест.

372. Се обидуваш да им се докажеш на неразбрани и недокажани?!

373. Јас сум јас, а не знам и не ме интересира кои сте вие.

374. Никој не опстанува на овој свет без тебе, љубов.

375. Грешен грев избира погрешна страна.

376. Очајно недоветни политиканти тврдат дека предизборните ветувања на нивните противници се лаги, а програмирале исти и поголеми!

377. Мафијашите на власт исчезнуваат преку ноќ пред да бидат развластени.

378. Провинциски и простачки тезгароши политикантски во стаклена палата.

379. Мафијашка губитничка власт во агонија!

380. Сељак:
Празноглав провинцијалец во опинци.

381. Во стаклена политикантско-пилјарска палата налетале муви зунзари на лепешки.

382. Предизборна кампања:
Излегле политикантски властодршци на сточен пазар да убедат говеда, магариња и овци пак да гласаат за нив.

383. Простаклакот и примитивизмот само со мудрост се поразуваат.

384. Стамено чекорење на свој пат до своја цел.

385. Не може без да има зошто живот овде.

386. Неживот е да имаш сè, а да немаш здравје.

387. Мора да се издржи докрај за нов почеток на сè.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 1-69

388. Не ме плаши смртта, зашто сум доволно жив.

389. Книжевник со грандиозно дело незабележливо исчезнува.

390. Дел сум од твоето минато или не сум?

391. Важност:
Да се почитуваме меѓусебно и да се самопочитуваме.

392. Не разбирам:
Ме одбегнуваат, ни името да ми го спомнат, дури внимаваат да не се разминеме. А со ништо не ги загрозувам.

393. Творец сам со себе и со свое дело.

394. Многу чувства наеднаш пред надежен пресврт во живуркање.

395. Од ден на ден сè помачно ѝ се опирам на рамнодушноста.

396. Премолчуваш и збориш во себе.

397. Секој да е како никој.

398. Не можете без оној кому му слугувате, а нему веќе не му требате.

399. Бегајќи од вистини, сè повеќе се самозалажувате, отколку што лажете.

400. Немаме љубов оти ја немавме.

401. Крајна цел на СДСМ-ДУИ-џиската велепредавничка и мафијашка власт:
Нерегуларни избори!
Ќе биде ли спречена?!

402. Што му оставам денес за утре на моето потомство? Само моето непризнаено и неценето грандиозно мислечко и книжевно творештво.

403. Не дозволувам никому да ме манипулира, како што не си дозволувам да манипулирам со никого.

404. Вам повеќе ви верувам отколку што не ви верувам, а на досегашниве веќе ништо не им верувам.

405. Со мене не може некој, а ни јас со секој.

406. Насилни, а не можат без лажговци, слуги и потрчковци.

407. Ништо од вас, преку глава со вас.

408. На изборите ќе победи народот ако гласаат слободно сите, а велепредавничкава и мафијашка власт не добие ниеден глас.