Потребно време за читање: 3 минути

195. Нешто што некој не сака и не почитува, не треба да се натура, да се нуди, па ни да се информира дека постои.

196. Сѐ е едноставно кога се сака, но сѐ е сложено кога не се мора. Особено ако си за и невешто прикриено против.

197. Мораме час поскоро да го поразиме внатрешниот непријател. Без него полесно ќе се справиме со надворешниот.

198. Стар бел дедо ви порачува да не го прашувате за она на што совреме ви укажал и ве предупредил.

199. Минува времето за што било за мене и за уште понешто од мене. Мои последни чекори до бесконечна тишина и неизмерен молк.

200. Ни стравување ни сомневање. Зашто е согледано, промислено и предвидливо.

201. Што преостанува? Докрајчување.

202. Се разбира дека ме почитува затоа што се почитувам себеси. Но, и дека го почитувам оти се почитува себеси.

203. Не ти вреди уката што си ја стекнал, ако не си ја продолжил.

204. За стап сте, пратенички идиоти! Ќе наебете!

205. Он-творечки гениј.
Близок-далечен.
Догледлив-несогледлив.
Единствен-неповторлив!

206. Но, јас сè уште те чувствувам.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 409-470

207. Не ве надиграа, ама ве изиграа.

208. Ем идиоти ем гнаси!

209. Само со духовни-творечки вредности против материјалниот свет.

210. Мојата тежина како стара планина со врв до небо.

211. Не им верувам на убедени дека нема алтернатива за што било.

212. Како се редат старите години, се станува се потешко.

213. Само заслужено. Ништо повеќе и ништо помалку.

214. Не се поправаат грешки неповторливи.

215. Никогаш повеќе од што знам и што умеам.

216. Ништо за напред не е неменливо.

217. До последен здив кон последна животна цел.

218. Обиди се да ме заборавиш, ако мислиш дека така ќе ти биде полесно.

219. Мое е времето во моето дело додека сум жив.

220. Има многу млади творци чии дела заслужуваат внимание, почит и признание. Кои немаат никаква врска со нивната младост.

221. Државничкото достоинство се брани и со реципроцитет.

222. Создавам дела кои по мене ќе останат создадени.

223. Препознатливост на гениј: со нескротлива творечка енергија, единствен, неповторлив, на свој врв.

224. Внимавај од кај почнува да дува ветрот. Не оти може да те издува, туку за навреме да си фатиш заветрина.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 70-140

225. Ист е кога лаже и краде, и кога краде па лаже. Како кога лаже крадејќи и краде лажејќи.

226. Чудно е зошто оние што скоро ќе ги однесе матната не се ни обидуваат да ја избистрат? Баш не е.

227. Внатрешен непријател на власт: нечесен и итар изрод, подлец и платенички слуга.

228. Со ништо не можам да си помогнам без тебе.

229. Аздисан пее ли пее, ама оние што проплакаа од него скоро мамето ќе му го расплачат.

230. Зарем и на раб на бездна и во бездна со нив?! Па вие сте нездрави и луди!

231. Дефинитивно ви нема спас кога ви се поважни партиската понизност и властољубието од личното достоинство.

232. Што ќе сториме? Пак ли ќе згрешиме непоправливо?

233. Те ничкосаа наземи, а нема кој да те крене или да ти помогне да застанеш сам на свои нозе.

234. Веќе постоиме како да не постоиме. Безимени и без себство.

235. Се мајтапат со нас, а ние и натаму ладни ко мртви.

236. Многу ниска свест, слаба самосвест и-страховладеење.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 1-69

237. Да ти била сегашната памет…А замисли да можеш пак да се родиш!

238. Незамисливо:
Видни, умни и признаени личности во светот-членови на политикантски партии.

239. Пак ќе гласате за на власт предавници, велепредавници, изроди, мафијаши, туѓински платеници и слуги?!

240. Не се срами, туку се плаши облечен да се замеша во голи луѓе.

241. Не фалба и самофалба, туку само критичка согледба.

242. Не може да се восприма брзо и лесно нешто што се создава мачно и тешко.

243. Секоја создателна игра на мали и големи деца е проста и строга.

244. Соодветни знаење, опитност, умност, упоритост за согледлива, а достижна цел.

245. Не можат ни да те препознаат оние што те заборавиле. Затоа што не им значиш ништо.

246. Престанете да ме следите штом немаме ниту миг наше време.

247. Ни збор за создадено, а премолчено, а омаловажено.

248. Со секакви глупости пред замаени, застрашени, излажани и испокрадени.

249. Им се смеат на лажни ветувања и продолжуваат да им веруваат!

250. Да бегаме, љубов, што подалеку од оваа празнотија на животот.