1. Од мене дела до последен здив. Безнадежно и без оглед на се.
2. Смртта не е ништо ако имало зошто да се живее.
3. За тебе никогаш ниту еден неубав збор.
4. Како мислечка и книжевна личност не постојам во современата македонска книжевност?
Не постојам за оние кои ништо не знаеле, не знаат, ниту се обидуваат да дознаат што-годе за мене.
5. Годиниве ми се за никаде, а овде ми се само за броење до умирачка.
6. Надежта е последна умрена во безнадежие.
7. Не политичари, а политиканти водат дневна политика.
8. Властољубието е неизлечива политикантска болест.
9. Грижи му го избрчкале лицето на човеков на изгрејсонце.
10. Самиот се фаќаш во залудна лага.
11. Од пораз најмногу се плаши оној што никогаш не се победил себеси.
12. Не разбирам зошто ме мразиш кога не се ни познаваме.
13. Од простаклак лигавење, коленичење и покорност.
14. Поразена минливоста:
Ме нема жив, но ми е живо делото, а трагата не ми е ни завеана ни збришана.
15. Апашишта на власт, апашишта за неа, апашишта со неа, апашишта без неа.
16. Нема за мене ни миг надежен од тебе.
17. Скраја од богати луѓе со беден дух.
18. Не постои културен натпревар меѓу народи. Постои коегзистенција на култури на народи во заеднички простори и времиња.
19. Презаситеноста од политикантство доведува до апатија и незаинтересираност за политичко дејствување.
20. Молчеа натажени една минута поради смрт на ближен, па продолжија да играат жизнено.
21. Ха, ха, ха!
Дали цеколупното мое мислечко и книжевно творештво би го продал за МИЛИОН ДОЛАРИ (сосе авторските права и платен ДДВ)?
ДА, И ТОА БЕЗ ОКО ДА МИ ТРЕПНЕ!
Но, не верувам дека има наш или странски парајлија кој би платил толку за ТОЛКУ ГРАНДИОЗНО ДЕЛО, ЕДИНСТВЕНО НА СВЕТОТ, како што е моето.
22. КАКО МОЖЕ НЕКОМУ ДА МУ ПАДНЕ НА УМ?!
Моето име (и презиме) се „врти“ во книжевните кругови како нов претседател на ДПМ (Друштво на писатели на Македонија)?!
Будалаштина!
Прво, јас не сум признаен македонски книжевник, значи не ѝ припаѓам на современата македонска книжевност. A второ, според мои информации одамна сум избришан од членство во Друштвото (не сум информиран зошто).
23. Сум преживеал многу зла што ми ги сториле секакви нелуѓе. Кои не сакам ни да ги именувам.
Сега сум стар, снеможен, но уште преживувам и продолжувам на свој животворен пат.
Упорно, стамено, непоколебливо и со нескротлива творечка енергија.
24. Одвреме-навреме нагласувам дека сум човек во години кој живурка во Македонија, а создал непорекливо грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено НА СВЕТОТ.
САМО ТОА. НИШТО ДРУГО!
25. Клетва:
Да им се сотрат семињата погани и отровни.
26. Од плачки до играчки сал чекор ослободуачки.
27. Квантитетот и квалитетот не се меѓусебно обусловени. Можат да бидат само наспоредни.
28. Или ќе ја биде или нема да нè биде!
29. Ни дошол ножот под грло, па или ќе ни го пресече или ќе го ставиме кај што му е местото во мир, спокој, чесен, пристоен, достоинствен и вреден живот.
30. Функционална држава и граѓанско општество се можни само кога сите се индивидуално еднакви во систем.
31. Не може со добро против зло кога владее злото против добро.
32. Да се радуваш како мало дете оти си ј зграпчил власта, значи дека си се стекнал со моќ да оствариш прикриени и сокриени цели.
33. Не може да се спречи пред да се лечи, ако е лечењето пред спречувањето.
34. Создаде дело за никој и ништо.
35. Вреден живот со вредности пред минливости и дребнавости.
36. Најважно во траењето на човек: колку му е времето лично, а колку заедничко со други.
37. Чисто време и чист живот со чисти луѓе.
38. Големината и силината на љубовта не зависат ниту од близоста, ниту од далекоста.
39. FB пријател:
„Несфатливо и неверојатно!
Еден „обичен“ старец во години, кој живурка незнаен и непризнаен, создава и објавува БУКВАЛНО СЕКОЈ ДЕН десетина афоризми, сентенции изреки, и 2-3 прозни и поетски дела!“
Зошто несфатливо и неверојатно?! Па јас така и толку веќе повеќе од 50 години!
40. Пеколни игри предизборни на изроди, мафијаши и платенички измеќари за конечно уништување на македонскиот народ и неговата држава!
41. Прашање-провокација:
„Искрено, дали би ја напуштил државава кога би можел?“
Одговарам искрено:
Без никаква двојба, и тоа веднаш!
Сосе моите ближни и моето непризнаено грандиозно мислечко и книжевно творештво-ЕДИНСТВЕНО НА СВЕТОТ!
Меѓутоа, со оглед на годините и пензионерсково живуркање не верувам дека можам негде во странство да бидам „интересен“.
42. Пред скок кон висини или во бездна.
43. Ја освојуваат и делат земјата како веќе да не е за луѓе.
44. Војуваат едни, војуваат други, војуваат трети, војуваат сите за еден силник-освојувач.
45. На продажба животот, никогаш поевтин.
46. Се среќаваат на улици луѓе, далеку од своите домашни огништа, ем застрашени ем предадени ем рамнодушни.
47. Еден може многу за да можат сите.
48. Таа не се сеќава на него, а тој не може да ја заборави.
49. Несомнено!
Партијата СДСМ е одамна клинички мртва!
Откако како владеачка партија, заедно со ДУИ, му сторија огромни, незамисливи зла на македонскиот народ и Македонија, најдобро за секој нејзин член е да се самопрогласи МРТВА.
За наместо неа да се роди и да заживее некоја нова-вистински социјал-демократска.
50. НИКОГАШ СЕВЕРНА,
СЕКОГАШ
СОНЧЕВА МАКЕДОНИЈА!
51. Создавам дела без престан, дури сум при ум. Исто до смрт.
52. Кај да си, брани го македонството, Македонецу. Последното што ти остана пред твое конечно исчезнување.
53. Никој не може да ме збрише мене лично, ама може нас безлично.
54. Баш ме заболе оти не ме признаваш. А кој си ти?!
55. Стравот не иде од страховладеење, туку од себичност и понизност.
56. Свести се, човеку! Ем ти ја крадат земјата ем ти им ја продаваш за скапани пари.
57. Силата и умот не се според годините. Граница им е здравјето.
58. И што од љубов по многу години? Или е што била или ни трага од неа оти не била.
59. За да постоиме, треба да достоиме.
60. Батали ме мене. Јас сум при крај. Ти да си жив и здрав на патот пред тебе.
61. Не исчезнува оној без кого човек не може.
62. Не мислам, не дејствувам и не создавам, значи никому не сум му потребен.
63. Ако владееш со себе, не владееш со друг.
64. На бескуќник му е сеедно каде се најдува меѓу небото и земјата.
65. Не можеш да предводиш народ предаден, безволен и безмерно трпелив.
66. Без ум во безумие.
67. Не се разгорува оган сам од себе.
68. Против мафија на власт жестока, дури крвава борба до последен жив чесен.
69. Живот во љубов и почит.