Потребно време за читање: 5 минути

251. Значи, уште има понекоја северномакедонска гнаса што за СДС-овец на избори ќе гласа!
Ем властодршци ем властољупци изроднички.

252. Без духовно, умно и творечко, нема ни територијално обединување на народ.

253. Зошто не може? Затоа што не можеш.

254. Нездрав ум и нездрав дух во нездраво тело.

255. Им помагаш на твои за да бидат и останат твои. Одмагајќи им на нивни.

256. Од збришан народ во своја земја само остатоци и траги.

257. Вие не сте за народ штом сте натурена власт.

258. Политиканту на власт,
Ако не знаеш што е тоа реципроцитет во политиката, праша го оној што знае или земи книга и прочитај.

259. Мене никој не ме бара за нешто, ниту ми бара нешто. Зошто би!?

260. Да, имаме мудри, опитни и зналци, ама зошто ни се кога не можеме ни со нив ни покрај нив.

261. Лојалност спрема државата значи да ја почитуваш, да ја браниш и да ја застапуваш како своја, да ги споделуваш вредностите на животот во неа, да се однесуваш според нејзините норми, правила и закони, и да работиш и создаваш повеќе за неа отколку за себе.

262. Викај ми ја државата како сакаш, а јас сум патриот и ќе си ја викам како што се вика од дамнина.

263. Многу од мене?! А колку е малку и доста!?

264. Ништо не е случајно во политиката, па и пред, на и по избори!

265. Се разбира, и црната предизборна кампања е дел од детално осмисленото сценарио на натуренава власт и нејзиниот тутор.

266. Величање на фашизам во Македонија од ДУИ?! Со премолчено одобрување на СДСМ и „стратешкиот партнер“?!

267. Сè повеќе зошто оти нема кому затоа.

268. Ништо здраво во држава со власт на луѓе со болен ум.

269. Ми е сè потешко кога помислувам што сè сум создал и направил за никому ништо.

270. Поразен живот во многу години.

271. Моето грандиозно творештво во ветер и магла.

272. На човек во години исто му е здравјето пред сè и само здравје.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 195-250

273. Викаш никогаш, а без твојот глас ќе биде готово засекогаш.

274. Се сети на мене зашто има зошто.

275. Немам поим кој сè напишал или кажал нешто за моето дело. А зошто да имам?!

276. Денес по мојот ден:
Не постигнав ништо, но создадов многу за ништо.

277. Еден ден вашите богати потмоци, предавнички мафијаши, ќе кријат или ќе негираат дека се ваши.

278. А бре, ни ова не ви влетува во умот:
Вие не сте наивни, ама сте неизлечиви будалишта!

279. Жал или одмазда:
И два живота нема да ти се доволни за да го прочиташ сето мое мислечко и книжевно творештво!

280. „Просто е несфатливо Ти како мислител и писател, творец на грандиозно творештво, да не си признаен-награден и да не си член на МАНУ!“
Наместо мој одговор-коментар:
Од кого признаен-награден?!
На кое МАНУ мислиш? На сегашново?!

281. Самофалбите на мафијашките политиканти на власт се смешни, трагикомични и глупави.

282. Во држава на мафија чесноста е одбрана на човекот во човек.

283. За мене, како мислечка и творечка личност, ни политиката е живот ни животот е политика. Таа е личен избор на свој пат кон догледна цел.

284. Не можеш со мене или против мене зашто не ти дозволувам да ми се доближиш.

285. Од крстопат по различни патишта или во беспаќе.

286. На политикантот на власт му е најтешко достоинствено да прифати пораз на избори и сам да се развласти.

287. Иден политичару, прво научи што е тоа политичка култура.

288. Прва и последна во животот до смрт е љубовта.

289. Личен став:
Освен како печатена книга, денес постојат повеќе форми и начини, со еднакво значење, едно книжевно дело да се понуди за прочит: електронска книга, аудио книга, веб страница на Интернет, социјална мрежа…
Многу скоро печатената книга ќе стане посебно уметничко дело, единечно или во ограничен тираж (библиофилско-хартиено, папирусно, кожено, дрвено, калиграфско, со уметничка илустрација или сликарско „продолжение“ на неговата содржина)-со голема вредност.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 141-194

290. Со мафија на власт успешни само мафијашки бизнисмени.

291. -Што да се прави?
-Сѐ одново, тешко и мачно.

292. Сум рекол, пак ќе речам и не одрекувам:
Ако јас, со моиве години и грандиозно мислечко и книжевно отворештво не му требам на МАНУ, зошто МАНУ да ми треба мене?!
(Патем, во електронското издание на Македонска енциклопедија, издание на МАНУ (печатеното е повлечено „за преработка“), јас како творец воопшто не сум ни спомнат, а камо ли да има одредница од макар два-три реда. Патем, одговорен во редакцијата за современата македонска литература беше Гане Тодоровски. Кој, патем, има напишано позитивна критика за моја стихозбирка!)

293. Знаеш дека ќе изгубиш, но не ни помислуваш дека си веќе изгубен.

294. Нечесниот ни нечесен пораз не признава.

295. Дотурка до што и да ветиш е идиотско.

296. Не ви преостанува друго, освен докрај само за вас, предавници, туѓински слуги и платеници.

297. Белки сме сѐ уште на раб на бездна. Оти ако сме веќе во неа, тоа значи дека е сѐ готово.

298. Немам зборови за љубов занесна.

299. Не постои граѓанска држава, туку граѓанско општество!
Како што не постои, ниту може допрва да се формира македонска нација.
Уставот на државата Македонија (значи не граѓански, туку државнички Устав) ја дефинира и устројува како држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во неа (не „делови од народи“-што е идиотски еуфемизам).

300. Според сите државнички парамтери, Македонија е во колапс и пред банкрот!
А што може(ше) да се очекува друго со мафија на власт?

301. Си запнал од петни жили да останеш на власт. Не си ни да те жали човек.

302. Кој ја сака власта за да владее, тој не владее со себе.

303. Простување на предавства и геноцидни злосторства врз сопствен народ!? Па уште помирување со изроди и туѓински слуги?!

304. Власта е вооружена до заби за победа на фер и демократски избори!

305. Цивилизациска небиднина:
Вештачка интелигенција, вештачки луѓе, вештачки живот, вештачки свет, вештачко време…Уништена природа.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 409-470

306. Секој со своја вистина против вистината.

307. Секој творец создал едно, две или неколку врвни дела. Како негов личен печат. Сите други што ги создал се просечни-според неговите стандарди.

308. Не слободен, а заробен, а бескраен пад во бездна.

309. Вака веќе никако и никаде не. Ако сѐ уште не сме безнадежни и беспомоши.

310. Значи, штом не ме барате не ви требам. А јас не се нудам.

311. Не им се предавам на години кои сѐ повеќе снеможуваат снага.

312. Он стои на свои нозе со своја стаменост во свој свет.

313. Вистина не разбирам зошто си против мене, кога јас и ти немаме ништо заедничко.

314. Не си простувам грешка непоправлива. Токму зашто е.

315. Сосем е неважно уште колку ќе живеам без тебе во надеж , љубов.

316.-Кога ти е роден ден?
-Ми беше пред некој ден во оваа година.

317. Барате доверба од народот за власт, а сте свесни дека ви веруваат само оние ваши што слепо ви веруваат.

318. Ако моето дело не ми овозможува да живеам пристојно, тогаш тоа нека живее без мене додека сум жив.

319. Ставам на знаење:
Со мене лично може да се контактира единствено користејќи го мојот e-mail (не телефонски, преку SMS пораки и др.). Се разбира, имам лични сериозни причини за ова. Вообичаената кореспонденција на социјалнава мрежа Facebook останува.

320. Си знаел, но си заборавил? Значи, не си научил да не забораваш.

321. Те влече за нос и не ти дава да дишеш без него.

322. Партиската борба за власт ја спореди со аматерскиот, а не со професионалниот фудбал!

323. Човек и голем и мал меѓу луѓе докажани како луѓе.

324. Натурена на народ кловновска и марионетска власт за ништење негово и негова држава.

325. Им се восхитуваме на умни, учени и творечки луѓе меѓу нас, ама според нас тие не се за на власт.

326. Сенка од човек без сенка која не може без човек.

327. Што е речено од мене-тоа е.