Потребно време за читање: 2 минути

53. Слога-Неслога

Во слога се може сè, во неслога не може ни да се преживее.За добро, за убаво да ти биде и куќа и држава ќе си стокмиш. Ако бидеш во слога со секој до тебе и со секој околу тебе, за најсетне од неслога да се браниш.

Сложна живеачка и век надживува. Без слога не се преживува. Во неслога секој за туѓ те има.

Македонски народни пословици

Чаталест корен в земја не оди.

Секоја птица од јатото свое што се дели, брзо умира.

Кај што нема еднакви, има сиромаштија.

Со една рака не можеш ни в море да се измиеш.

Поарно штета договорна, одошто корист самоволна.

Пословици од народите на светот

Сложното стадо го принудува лавот да легнува гладен. (Хауса-народ што брои околу 15 милиони припадници; населени се во северна Нигерија (околу 6 милиони), потоа во Того, Гана, Централна Африка и Камерун; по вера се главно муслимани, а јазикот им припаѓа на јазичната група хауса-котоко.)

Сложни луѓе создале чуда. (Индија-хинди; назив за новоиндиски наречја што се говорат во средниот дел на северна Индија.)

Ако се тројца луѓе едно срце, и жолтата земја ќе се претвори во злато; ако тројца луѓе секој за себе мисли и жолтото злато ќе се претвори во прав. (Кинеска)

Она што слогата го изградила за стотина години, неслогата ќе го разурне за еден месец. (Холандска)

Кај што недостасува слога, силата трча на патерици. (Холандска)

Кај што ќе влезе неслогата, куќата станува претесна. (Германска)

Внимавајќи на јазикот, се внимава на слогата. (Португалска)

Во сложното стадо еден куц овен не се гледа. (Туркменска)

Малите ветришта обединети прават тајфун. (Виетнамска)

Кога брачни другари живеат во слога, тие се кадарни и вода од море да исцрпат. (Виетнамска)

Јас и мојот брат сме против татко, а сите тројца сме против непријател. (Африканска)

Семејство кое се моли заедно, останува заедно. (Англиска)

Сложна дружина не се плаши од разбојници. (Бугарска)

Без збор нема догоор. (Српска)

Од сложни браќа и ѓаволите бегаат. (Српска)

На сложните браќа им е сè можно. (Српска)

Кај што е слога е и божји благослов. (Балкански народи)

Сложни калуѓери мрсат и во среда и во петок, а несложни ни во недела. (Балкански народи)

Несложмни браќа, пропадната куќа. (Балкански народи)

Латински изреки

Заедничка опасност создава слога.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Кај што е слога, тука е и победда. (Ubi concordia, ibi Victoria.)

Слогата на граѓаните прави градски бедем.

Домисла, гесло, мисла водилка

Многумина не знаат дека во овој свет сме за да живееме во слога. Оние што го знаат ова не започнуваат меѓусебна борба.
Дхама-падам

Секое царство што ќе се раздели само по себе, ќе се запусти.; и секој што гради дом што ќе се раздели сам по себе, ќе пропадне. И ако сотоната сотона изгони, сам по себе се раздели; значи, како ќе остане царството негово?
Библија

Куќата не ја грее топлината на огништето, туку слогата меѓу сопружниците.
Анонимус

Рекле, издумале

Со слога растат мали работи, а со неслога се уриваат ио најголеми.
Гај Салустиј Крисп

Во меѓусебните односи луѓето се како неправилни глаголи.
Серен Кјеркегор

Човечкиот род се одржува со добродетелства и сложмост.
Луциј Анеј Сенека

Кога големи не успеваат да се сложат, тогаш успеваат со помош на мали.
Федар (Платон)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here