Потребно време за читање: 7 минути

95. Историја

Историјата нè учи на сè и сешто, а најмногу на она што било за да биде или да не биде. Таа не се повторува, туку во важни, особено пресвртни моменти од важните и пресвртниците бара да повторат сè во неа. За откако ќе се случат да не станат ништожни и фрлени на нејзиното буниште.

Историјата не се пишува. Пишувањето во неа зависи од личната и колективната меморија, значи сведоштво или доказен исказ. Историјата се создава и се докажува со артефакти, неизбришливи траги и сочувани документи.

Во суштина, историјата е само потврда на континуитетот на постоењето во простор и време.

Македонски народни пословици и изреки

Ако сакаш да собираш мед, не ги бркај пчелите.

Трагите не се бришат сами. Ги бришат оние што траги во својот век не оставаат.

Дамна било, а како да не било оти не било пишано.

Историјата барем нè учи дека секогаш може да биде полошо.

Пословици и изреки на народи во светот

Историјата се повторува. (Српска)

Историјата ја пишуваат победниците и затоа е таа преполна со невистини. (Руска)

Глава без мозок на секоја вага е лесна. (Германска)

Латински изреки

Историјата е учителка на животот. (Historia magistra vitae est.)

Домисла, гесло, мисла водилка

За пишување историја се потребни две нешта; гума за бришење и графитен молив.
Непшабадсаг

Рекле, издумале

Историјата на човештвото почнува со човековата непокорност, која е почеток на неговиот ум и неговата слобода.
Ерих Фром

Две работи треба да научиме од историјата: прво, дека не сме супериорни над нашите претци; друго, дека сме срамно инфериорни ако не сме далеку од нив.
Томас Арнолд

Факт на историјата е дека таа во поголемиот дел се пројавува како криминал.
Томас Арнолд

Историјата е само попис на злосторства и несреќи.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Историјата докажува дека историјата може да докаже сè.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Најфилозофската страна на историјата е во тоа што нè запознава со човечката глупост.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Од историјата секогаш одново учиме дека ништо не сме научиле.
Анри Милон д Монтерлан

Да било разумно човештвото, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Џејмс Фрејзер

Суштината на историјата не е тоа што се случило, туку она што луѓето мислат и зборуваат за неа.
Фредрик Вилјем Метланд

За анализирање на историјата не мора да се биде премногу длабок, зашто и нејзините причини се често сосема плитки.
Ралф Важлдо Емерсон

Всушност, историјата не е историја, туку биографија.
Ралф Валдо Емерсон

Сите историски книги кои не содржат лаги се страотно здодевни.
Анатол Франс

Основна квалификација за историчарот е дека нема голема фантазија.
Хенри Бејл Стендал

Текот на историјата никој толку не го изменил како историчарите.
Џереми Тејлор

Историјата на светот е напредување во свеста за слободата.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Од историјата учиме дека од историјата не учиме.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Луѓето мислат премногу историски. Тие секогаш живеат половина на гробишта.
Аристид Бријан

Времето на злосторство не ги погодува истовремено сите народи, оттаму објаснувањето за трајноста на текот на историјата.
Емил Киоран

Од историските дела се дознава повеќе за историчарите одошто за историја.
Томас Ман

Историјата се повторува, но секогаш чини сè повеќе.
Винстон Черчил

Балканците произведуваат повеќе историја отколку што можат да ја потрошат.
Винстон Черчил

Историјата ќе биде блага кон мене зашто имам намера да ја пишувам.
Винстон Черчил

Проучувај ја историјата, проучувај ја историјата! Во историјата лежат тајните на изградбата на државата.
Винстон Черчил

Сакаме да живееме како некогаш порано, но историјата тоа не ни го дозволува.
Џон Фицџелард Кенеди

Историјата е суров господар. Таа нема сегашност, туку само минато кое јури кон иднината.
Џон Фицџелард Кенеди

Ние би сакале да живееме онака како што сме живееле некогаш, но историјата тоа не ни го допушта.
Џон Фицџелард Кенеди

Во долгата историја на овој свет само неколку лица имале можност да ја бранат слободата во часот на најголема опасност. Јас не бегам од таа одговорност-јас ја поздравувам.
Џон Фицџелард Кенеди

Историјата на целото досегашно општество е историја на класни борби.
Карл Маркс

Со одолговлекување на ропството на жените е можеби најтемната страница во човечката историја.
Елизабет Кеди Стентон

Луѓето се заробени во историјата и историјата е заробена во нив.
Џејмс А. Болдвин

Што ќе каже историјата? Господине, историјата ќе лаже како и обично.
Џорџ Бернард Шо

Историчарот и романсиерот меѓусебно разменуваат вистини, измислици и лаги. Едниот за да го оживее она што веќе не постои, а другиот за да го направи убедливо она што никогаш не ни постоело.
Антоан д Риварол

Признавам дека историјата е полна со приказни за верски војни. Но, притоа треба да се има едно предвид: тие војни не ги предизвикало мноштво вери, туку несносливост на онаа вера која себеси се сметала за владејачка.
Шарл Монтескје

Среќни се народите кои имаат здодевна историја.
Шарл Монтескје

Да било човештвото секогаш разумно, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Артур Шопенхауер

Без оглед на она што го прави, секој на земјата секогаш игра главна ролја во историјата на светот.
Пауло Коелјо

Во целата историја не постои војна која не била плод на дејствување на владата, на самата влада, независно од интересот на народот за кого војната е секогаш штетна, дури и кога е успешна.
Лав Николаевич Толстој

Најинтересни и најлуди епохи на историјата се оние во кои комедијанти од секој вид станале вистински господари.
Фридрих Вилхелм Ниче

Историјата на совесните прашања секогаш давала ист одговор: ако не сте покорени, тогаш сте покорувач.
Карло Бини

Јас сум писател. Мене ми е најважно да ги разберам човечките суштества. Кај пишувањето роман најважно е да им се даде смисла на нашите животи. Во тоа историјата не е толку важна. Од историјата е поважна интроспекцијата.
Орхан Памук

Мала група одлучни души запалени со јака вера во нивната мисија може да го промени курсот на историјата.
Махатма Ганди

Следејќи ја сончевата светлина, го напуштивме Стариот свет.
Кристифор Колумбо

Малкумина од нас имаат можност да ја изменат историјата, а секој од нас може да работи на тоа да промени мал дел од настаните. Но, во целост сите тие настани ќе бидат запишани како историја на оваа генерација.
Роберт Кенеди

Историјата е верзија на минати настани на која луѓето се согласиле.
Наполеон I Бонапарта

Историјата е галерија на слики со малку оригинали и многу копии.
Алексис д Торквил

Историјата никогаш не личи на историја во моменти кога живеете во неа.
Џон Гарднер

Историјата е забелешка, повеќето лажна, на настани, повеќето неважни, кои се забележани од страна на владетели, повеќето кретени, и војници, повеќето будали.
Амброус Бирс

Историјата е конечен збир на нешто кои можеле да се избегнат.
Конрад Аденауер

Човекот е феномен на природата, а не на сопствената историја. Пред неговата појава природата се искажува како систем на ненарушена рамнотежа. Со појавата на човековата интелигенција ситуацијата во природата се менува.
Борислав Пекиќ

Како што не може да биде индивидуално јаство без паметење, така нема народна свест без историја.
Милан Шуфлај

Луѓето, самите луѓе се сили во изработката на светската историја.
Мао Цетунг

Моето место во историјата ќе зависи од тоа што можам да сторам за луѓето, а не од она што луѓето можат да го сторат за мене.
Вилијам Џенингс Брајан

На темелот на сосема исти историски споменици два различни човека ќе напишат две истории со сосема различни вредности.
Дмитри Иванович Писарев

Ненасилството е моќно и праведно оружје. Навистина, тоа е единствен о оружје во историјата; тоа напаѓа без оставање рани и тоа го прави благороден оној што го употребува.
Мартин Лутер Кинг

Историјата ќе го достигне својот крај кога од извори и бунари ќе тече вино, кога од облаци ќе паѓа вино и кога езерата и морињата ќе се претворат во неа.
Бела Хамваш

Историјата на човекот е историја на вистини кои ги ослободил човекот.
Андре Жид

Историјата и задачата на иднината не значат повеќе борба на класи против класи или борба на црковни догми против црковни догми, одошто борба меѓу крв и крв, раса и раса, народи и народи.
Алфред Розенберг

Историјата нè учи дека оние што своите мечеви ги прековуваат во плугови обично завршуваат орајќи за оние што ги сочувале мечевите.
Аноним од Равена

Историјата без престан мора да се пишува одново, не за да се спознаат нови историски факти, туку затоа што се промениле гледиштата на историчарите.
Франсоа Моријак

Историјата на светот е само биографија на големи луѓе.
Томас Карлјал

Богатството на светлината лежи токму во изворните луѓе. Благодарение на нив и нивните дела, светлината е светлина, а не пустина. Сеќавањето на луѓето и историјата на нивните животи е збир на неговата сила, неговиот свет имот за вечни времиња, поддржувајќи ги и помагајќи му колку што е можно да турка напред низ уште непозната длабочина.
Томас Карлајл

Всушност, историја и нема покрај и надвор од биографиите.
Томас Хобс

Речникот е историја на човекот.
Паоло Мантегаца

Сите незаборавни дела во историјата на светот претставуваат триумф на човековиот занес. Ништо големо без него никогаш не било остварено.
Ог Мандино

Сите докази за историјата покажуваат дека човекот е навистина рационално животно, но речиси со бескраен капацитет за глупости…Тој црта нацрти за утопија, но никогаш доста да ја изгради.
Роберт Мекнамара

Човечките чувства не ја прават историјата, туку акциите.
Норман Мајлер

Впрочем, мислам дека историјата не е само минато на луѓе, на од луѓе создадени институции. Значи, историјата е сеќавање на државите.
Хенри Кисинџер

Еден ден ќе знаете како тоа изгледа да се свртите наназад. Ќе откриете како е тоа нужно. Ќе откриете како вашата лична историја ве влече назад во познати соби во кои, што е иронично, се одиграле настани кои го придвижиле вашето конечно оддалечување од животот. Со време болките на скршеното срце ќе ве направи помали од страшните, а луѓето кои ве изневериле сè помалку виновни. Ќе се најдете како трчате назад во прегратка на болка од која некогаш сте бегале.
Патриша Корнвел

Мораме да ги познаваме изумите на нашите предци.
Марко Тулиј Цицерон

Оние што живееле пред нас постигнале многу, но ништо не довршиле.
Луциј Анеј Сенека

Мудрите луѓе велат дека е добро и угледно да се оди по стапките на своите предци, ако, се разбира, оделе по вистински пат.
Плиниј Помладиот

Блазе си му на оној кој ги чести предците со чисто срце.
Јохан Волфганг Гете

Едно огледало е поважно од цела галерија предци.
Волфганг Менцел

Да се гордееш со славата на своите предци не само што е невозможно, туку и мора; да не се почитува тоа е срамотен кукавичлак.
Алекснадар Сергеевич Пушкин

Непочитувањето на предците е прв знак на неморал.
Александар Сергеевич Пушкин

Првиот критериум на изопаченоста е непочитување на предците.
Александар Сергеевич Пушкин

Нека човекот ги користи минатите столетија како материјал на кој расте иднината.
Жан Мари Гујо

Не гаси иверки, нивниот пламен вибрира додека фенер не ти го покаже патот; не бришете ги старите изрази од говорот додека не успеете да создадете нови зборови.
Хенрик Ибзен

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Уништувањето кипови е порекнување на хиерархијата која веќе не се признава.
Елиас Канети

Знаеме дека сме барем човечки суштества; но половина од нашата инспирација од нашите херои е изгубена кога ќе заборавиме дека биле човечки суштества.
Алфред Норд Вајтхејд

Кога ќе се сетиме, поприлично сме рамнодушни спрема многу нешта кои порано нè загрижувале.
Вилхелм Винделбенд

Во античкото доба близината на главниот пат од добата на римската доминација не била предност, туку голема несреќа: тоа не биле трговски, туку воени патишта.
Макс Вебер

Дури и таму кај што животот брзо и драматично се менува, како на пример во револуционерните епохи, заедно со сите видливи преобразби, сочувано е многу повеќе старо отколку што обично се претпоставува, а ова старо доминира, соединувајќи се со новото во ново единство.
Ханс Георг Гадамер

Мртвата историја повторно се раѓа, минатото станува сегашност, ако тоа самиот живот го бара.
Бенедето Кроче

Претпоставуваме дека ако е напишано, тогаш било.
Бенедето Кроче

Никакво решение за нашите проблеми не може да се најде готово во наследувањето на старите.
Жак Маритен

Архивот е пред сè закон на она што може да се каже.
Пол Мишел Фуко

Кој сакал не може да сака,
Не можете да ги запалите оние што изгореле.
Сергеј Есенин

Бог не може да го промени минатото, иако историчарите можат.
Семјуел Батлер

Другарите од севкупната историја на човечкиот род ги гледаме каде што се развива грандиозна и единствена борба, борба за опстанок. Од најниска борба за секогашен леб расте таа борба и се воздигнува во величење, возвишена борба за опстанок на мислата, за оној вечен леб кој им е потребен на луѓето додека ја сакаат премоќта и еманципацијата на земјата. А од таа борба извира една велелепна идеја-идејата на напредокот.
Џон Китс

Пишувањето историја личи на сервис за перење алишта-тие често се враќаат оттаму повалкани отколку што биле.
Алберто Моравија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here