Потребно време за читање: 4 минути

30. Икономијата

Здраво-жив народецу мој,

Во моментов ич не ми текнуа дали досега сум ви се повалил оти сум доктор и експерт по икономија. Баш и то и то! Ја ко ќе се ватам за некое прашање или проблем од икономијата, ма не го остаам сè дури не му ги исповаќам почетоко и крајо и дури не му го најдам чарето. Вистина ви велам! Прашајте ги моине пријатели во пензионерскио дом. Тие гарант ќе ви одгоорат оти можите дедо Громче да го чепнете за шо било за то и тој нема да остани рамнодушен шо се вели. За се знај да разглобуа, анализира, детализира и синтетизира. Ама за две проблематики, ко шо се вика стручно, никој не му е рамен: политиката и економијата. „Доктор е пар екселанс!“, ќе ви нагласи Александро, коју ја ватил деведесетата и уште је на нозе, иако самио не знај шо му значи то „пар екселанс“. Ја појќепати сум го нашол на Гугло и во речнико на странски зборој и изрази, ама никако да го запамтам. Стално му го забораам знчението. Нејсе.

Стварно ви велам, лујѓе, доктор и експерт сум по икономија. Ако сакате да ви се докажам ко таков со диплома али сертификат, нема проблем. (Сега на Гугло најдов оти сертификат е документ ко уверение или потврда, што не е исто со дипломата, ама прибидејќи е слично можиме да го прифатиме ко исто.) Само малу ќе почекате да видам на кој наш вакултет је најевтино да се купи, прибидејќи то најпојќе ми зависи од пензиичката. Ама ја сепак мислам оти вие не сте до толку со неверуањето за да ме изложуате на таков трошок. Поготово шо знајте оти ја ко ќе кажам кажано је. Сега је баш то: прав доктор и експерт сум по икономија, ептен докажан меѓу мојте пензионери и сега спремен да ви се докажам и вам. Не за друго, ами само поради зато шо во ова време преку глаа ни е дојдена икономијата, а богами од ден на ден сè појќе ни пука филмо од неа. Нормално,чим тебе значи и мене, со то шо ја, ко доктор и експерт, точно знам од кај је и од кого је пукањето.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Најпрвин да ти кажам оти со овие шо се сега на власт ич не ја бидуаа работата тоест икономијата прибидејќи ич не ги бидуаа неа. Без оглед шо од првио до последнио се докажани ко доктори и експерти со купени дипломи или сертификати. Ја им порачуам да си ги урамат и да ги закачат на ѕид ко потсетници со колку врски, врзуања, ќе ти даам-да ми дајш, поткупања, корупција и други марифети, а особено колку многу пари морале да им фрлат на некој од нашиве вакултети. За еден од ними, од клучните фактори, разбрав оти има најубо испишана диплома за завршен докторат на срански јазик шо ја купил на некој голем срански бит-пазар. Нејсе. Шо ми беше муабето…

Лујѓе, властодршциве шо ни ги натурија стратешките партнери тотално ни ја урнисаа икономијата и уште појќе од тотално ја урнисуаат. Чудо едно! Само да ми је да знам кај ги најдоа толку неписмени. А бе дибидус не знаат за икономски правила и закони, за пазарна логика, за купи-продај, за парите коа вредат, а коа не вредат, за кредитите и инвестициите, за богаството и сиромашијата во најширока и најтесна смисла, за ова, за она…А бе пустелија напраија од државичкава и земјичкава плодна и водна. Ма просто се чудам и се крстам како можело да има вакви кај нас! Сранцкине стратешки партнери мора да се изнамачиле дури ги нашле. Мора да ги нашле во партиските дувла на партиите шо се сега на власт. Ќе да нема друго!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Сега ќе си удрам концентрација на парите.

Лујѓе мои, ја просто напросто веќе не знам шо ќе прајме со парите шо ги имаме и шо ги немаме. Не мојме без ними, а со секој нов ден ни иди ни да ги бројме ни да ги пустиме. Со скапотијава од ден на ден ни стануаат сè позапустени и сè појќе за запустуање. Знајте кај е клучнио проблем? Клучнио проблем е шо власта знај само да троши, а врска нема како да прај пари. Барем да имаше врска со некои во сранството шо го знај то. И знајте кој ѝ е најголемио проблем на власта со парите? Ќе ви кажи дедо Громче: то шо стратешките партнери не даваат таа да печати пари не колку шо треба, ами со колку шо можи да ги покрие крадбите и корупцијата. Така да си знајте! Остајте го докторско-експертското толкуање оти то ќе предизвика инфлација, девалвација и други врти-сучи марифети. Во трошењето, крадењето и корупцијата е проблемо. Во ништо друго!

Замислете само едно и прашајте си се: кога би се нашла некоја нова власт шо ќе ги исповаќа сите сегашни властодршци и сите пред ними со рачиштата во медо, ко шо поетски и фигуративно се изрази една градоначалничка ептен потенцијална политичарка, па ќе ги врли во зандани и ќе им ги одземи не милионите, ами милијардите евра во срански банки и на тајни банкарски сметки, напоредно со конфискуање на сето богаство шо го насобрале откоа се на власт, дали ќе биди проблем сиромашијава шо нè ничкосуа наземи сосе парите шо ги имаме и ги немаме? Ма не! Би имале толку пари шо не би знајле кај и на шо сè да ги потрошиме. Настрана то шо во таквио случај во државичкава би течело мед и млеко и би си ја напрајле џуџест џин. Баш така! Ама сега шо? Е то: власта цица сè појќе пари од народо, народо сè појќе нема пари, па таа е принудена како крадачко-корумпирачка односно мафијашка да го задолжуа со кредити шо скоро ќе нема кој да ги враќа. Од друга страна, пак, и тие шо ги има од ден на ден вредат сè помалу. На крајо на краиштата ќе се случи продаање, поточно распродаање на земјата, природните убајни и знаменитости и сè друго шо ни вреди нешто. То се вика колапс, а во икономијата се нарекуа банкрот.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ме прашуате кое е чарето од ептен незавиднава ситуација со парите? Многу ми е тешко да ви одгоорам, ама ќе ви кажам со збор-два: прибидејќи не треба ич да се надеате оти од утре ќе имате појќе пари за арчење, дури ќе ви остани за малу побогат живот, за квалитето на живото шо се вели, ви остануа само шо помалу, ако можите ич да не трошите од парите шо ги имате. Можи? Сè се можи кога се мора!

За да не излези оти вистина мене, ко доктор и експерт по икономија не мојт никој да ме запри ако ме чепни за нешто општо од неа или за некое посебно прашање од неа, во оваа прилика само ќе ви додадам нешто главно шо е и директно и индиректно врзано за парите:

Ни пропаѓа икономијата, и ние и државичкава ни наша, најпојќе оти бизнисмени на власт тераат политика, а оние шо се викаат политичари не знаат да тераат бизнис. И едните и другите се едно за ниедно: политиканти. Па така, нит` се тера икономска политика, нит` се брка бизнисменска икономија. Толку од мене засега.

Не забораајте оти ја ко ќе кажам шо било кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here