Потребно време за читање: < 1 минута

170. Помагањето

Веќе ни некој може да им помогне ни сами меѓусебно се помагаат.

171. Зад сцената

Играта зад сцената штотуку почна, а на сцената кулминира.

172. Како сите деца

Сите разбираат дека мора да се случи, ама не им е верно дека ќе се случи брзо.

173. Есенција

Лошо, зло, дно-безизлез.

174. Без лично достоинство

Слуги, лигуши, платеници и предавници ниту имале, ниту можат да имаат барем јота лично достоинство.

175. Исправи се, човече

Доста коленичиш и доста веднеш глава. Стани човек, човече!

176. На власт

Никој никогаш на власт без родољубие.

177. Меѓу нас

Сè поголема пустелија меѓу нас.

178. Делата

Делотворен си само доколку си опкружен со дела.

179. Лажен свет

Малку ти се сопствените лаги, па уште користиш и продолжуваш туѓи. Зашто живееш во лажен свет.

180. Премрежја

Надвладеав многу премрежја, а врз мене катаден навалуваат нови.

181. Постоење

Дела, дела-создавање дела до последен здив.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 323-368

182. Во јадост

Многу смрти и сè помалку животи во јадост.

183. Крадец на власт

Сите знаат дека крадеш ли крадеш, а ко никој да не сака да те фати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here