Добар ручек

-Мила, што имаме денеска добро за ручек? -Не знам, миличок. На конзервата немаше етикета.

Добар зет за Шкотланѓанец

Сега поминав покрај една кафеана,-му раскажува една Шкотланѓанка на својот маж,-а таму, замисли само, нашата ќерка му седи в скут на кафеџијата и уште...

Жена изгубена-добиена на покер

Игра Трпе покер со другарите, па во еден миг вели: -Жено, вари кафе. Те добив назад!

Хакерски виц

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви има оваа Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only!