Потребно време за читање: < 1 минута

166. Уште еден разговор меѓу Јас и Јас

Ништо не разбрав од утринскиов разговор помеѓу Јас книжевник и Јас обичен смртник. Би рекол кавга:

Јас книжевник:

-Ти немаш врска!

Јас обичен смртник:

-Стварно мислиш дека немам?!

Јас книжевник:

-Не мислам, туку знам. Јасно е како бел ден.

Јас обичен смртник:

-А ти имаш?

Јас книжевник:

-Јас создавам книжевни дела брз врска!

Јас обичен смртник:

-Па и јас така живеам. Затоа сме заедно.

Јас книжевник:

-Добро, ај кажи која ти е врската?

Јас обичен смртник:

-За што?

Јас книжевник:

-Па за животот, се разбира!

Јас обичен смртник:

-За живот не треба да имаш врска. Доволно е да живееш како било.

Јас книжевник:

-Не е доволно! Јас можам да речам дека е доволно да создаваш без врска.

Јас обичен смртник:

-Добро, ај ти кажи зошто како книжевник немаш врска.

Јас книжевник:

-Затоа што сум во исто време обичен смртник. Имаат не една, а многу врски тие што не се и едно и друго во еден.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Јас обичен смртник:

-Во кој еден?!

Јас книжевник:

-Се правиш дека не разбираш, а добро знаеш дека обајцата сме во човек.

Јас обичен смртник:

-Мислиш на овој нашиов, кому животот досега му минувал, му минува сега и до смрт ќе му минува без врска?

Јас книжевник:

-На него и на нас со него. Без никаква врска!

Не знам како им заврши утринскиов разговор на Јас книжевник и Јас обичен смртник, би рекол кавга. Побрзав да се оддалечам од нив дури не ме согледаа. Ги оставив насамо без врска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here