Потребно време за читање: 2 минути

36. Јас книжевник за моите романи

Имам јас за што да пишувам надолж и нашир. Особено кога е збор за моето книжевно творештво. Сепак, сметам дека за сѐ може секако, но никогаш не треба да се претерува. Во поезијата, прозата, сатирата, есејот, во кој било друг книжевен жанр што го создавам, го негувам, на концизноста секогаш ѝ давам предност. Јас со јасна намера овојпат ги издвојувам моите романи.

До овој момент, до оваа белешка имам напишано/завршено 9 романи. (Го привршувам 10-тиот-тинејџерскиот „Еден Буле мамкин и таткин“) Од нив во печатен формат е објавен само краткиот роман „Марија и Јасен“ во 1987. година.

На Интернет, на мојот книжевен веб сајт, во изминативе неколку години ги објавив во продолженија:

1. „Лавиринт од слики“, пишуван помеѓу годините 1991. и 2015.-за целоста на лавиринтот на војната и мирот; слики на односот на скриениот и видливиот човек, на неговите позитивни и негативни потенцијали; и на едновременоста на замрсениот сплет на емоции, инстинкти, претстави и неговото средиште-човечката суштина;

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

2. „ Марија и Јасен во далечна близост“, за минливоста на два живота кои опстојуваат единствено благодарение на нивните различности;

3. „Прокоба одродничка“, за еден горлив, речиси нерешлив проблем на човештвото кој буквално ја разорува, ја уништува човечката заедница, па и единката во неа: одродувањето;

4. „Жар и пепел во огниште“, посветен на родното огниште; на огништето како траење, како опстојување; што е од суштествено значење за затврдување на личниот идентитет, со живот од раѓање до умирање;

5. „Самобитната сенка и Љуба“, за минливоста и трајноста; за една сликарка-портретистка, напоредност на нејзината необична, според многу нешта единствена животна судбина од една страна, и творечката индивидуалност од друга;

6. „Сонцева крв за љубови и доблести“, метафизички роман за љубови и доблести на две сонца, како и за корените на македонството;

7. „Штом заодев, секако ќе доодам или Секидневни настани и доживувања во животот на Корен Стаменоски со прекар Име“; за настани, доживувања и исчезнување на личност.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

8. „Биографски бележник на еден книжевник и обичен смртник меѓувремено“, личности во една што живее творечки и го преживува своето време; ова дело е биографски роман, роман исповед, документарен роман, роман миг и состојба…

Со задоволство нагласувам дека контиунираните објави/одделните поглавја на сите романи се следеа со задоволувачки, па и голем интерес, а изделувам интересен предлог на пријател: сите романи да се објават заедно во печатен формат, во една книга. Такви изданија имало и има во светот на издаваштвото. На пример, во Србија во една книга се објавени најзначајните романи на нобеловецот Иво Андриќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here