Последни написи

All
инвестирање

Најчести грешки во инвестирањето

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка при инвестирањето бара што попрецизно и потемелно осмислување на квалитетна инвестициона политика. Во тоа грешките се за жал чести, а за да ги избегнете дознајте кои пропусти се најчести. Немојте да вложувате без дефинирање на основните правила Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција на ризикот, целта на вложувањето и временскиот хоризонт. Временскиот хоризонт го одредува времето што е потребно за да дојдете до вашата цел, а толеранцијата на...
Вонземјани vonzemjani

6 знаци според кои можете да знаете дали сте или можеби сте биле гостин...

Приказните за грабнувања на вонземјани не се ништо ново. Но ако се сомневате дека сте биле грабнати, а сепак не сте сто на сто сигурни, еве 6 знаци според кои можете да знаете дали сте или можеби сте биле гостин на вонземјанско парти. 1.Имате дупки во сеќавањето или некој вид на „блокада на меморијата“ Дупките во сеќавањето или блокадите најчесто се јавуваат од очигледни причини- удар во главата, топлотен удар или, пак, премногу испиен алкохол. Но, ако тоа се појавува континуирано...

Mорал

Основното за него: Станува збор за систем на непишани општествени норми што го одредуваат начинот на однесување во одредена општествена група, заедница, а се засноваат на обичаи и општо усвоени мерила на вреднување на постапки од аспект на начелата на „доброто“ или „злото“. Зборот „морал“ потекнува од латинскиот „mos“-обичај, „mores“-владеење, „moralis“-морален. Моралот е одреден историски, подложен на промени на општествено- економскиот и политичкиот живот. Се појавува и се обликува во непосредна врска со условите на животот на заедницата, културната традиција и религиозните...

Последно создадено од Љупчо

Последни написи

All

Именик на (не)обични луѓе

И далечното и блиското минато ни се откриваат еднакво како сегашнината. Се разбира, доколку сме за откривање, дознавање и сознавање. Особено кога станува збор за обични и необични, маргинални и значајни, случајни и намерни луѓе. Врз нив и врз она што го сториле или го создале-создавале може да падне прашина на заборавот, но секогаш се наоѓа некој што ќе ја исчисти, издува, симне. -Паоло Гвидоти (1560-1629), од Лука-Италија, бил градски математичар, астроном, анатом, архитект, скулптор, сликар, музичар, пејач, танчер, артист,...

Како да се биде среќен?

Дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате подобро по долга прошетка или трчање или, пак, зошто, по добра комедија, сте цело време насмеани? Не е работата во фактот дека сте можеби среќни оти сте изгубиле неколку килограми, сте доживеале фантастичен оргазам (иако е тоа дефинитивно добра причина за задоволство) или добро сте се наспале. Еланот што го чувствувате, а кој кај некои луѓе може да трае и до 12 часа, има свое научно објаснување: се работи за отпуштање на...
moderni potrosuvacki opstestva

Модерно потрошувачко општество: Купувам, значи постојам

Имаме ли модерни трговски објекти како во модерните потрошувачки општества, како на Западот? Да, имаме, а особено радува што во последниве години тие не се „концентрираат“ само во главниот град на нашава држава. Ама сепак... Сте чуле ли за пазарување- купување како „глобална акција“? Сте се нашле, се наоѓате ли (кај нас) во таков систем или „круг“? Да, освен купување тоа подразбира и култура, желби, мечти...Воопшто, станува збор за стил на живот. Го собирате целото семејство и одите на семејно пазарување, во...

VOX POPULI - гласот на народот

All

За стравот од 13-от петок

Стравот од петок 13-ти е толку раширен што има и свој назив-параскевидекатриафобија (што е форма на трискаидекафобија-страв од бројот 13)-а од него само во...

Контрапункт, пробабилност, моментум

Вашата сопруга ве вади од тактот и Вие ѝ подвикнувате: „Немој да ми контрапунктираш оти ќе излезам надвор и ќе те оставам дома сама!" Ако...

Песни на Коледе

badnik, бадник
Еве што запишал најголемиот собирач на народни умотворби Марко К. Цепенков: На 23 декемврија вечерта, спроти 24-и, ќе се збираат децата стред село или стред...

СОЗНАНИЈА

ЕКО - ТЕХНО

УМЕТНОСТ И ЖИВОТ

ЗАБАВА

ЗДРАВЈЕ

ПОЕНТAР | Блог со ставои на Љупчо Димитровски