Потребно време за читање: 3 минути

Годинашниов фестивал свечено го отвори италијанскиот синеаст, 70- годишниот Бернардо Бертолучи. На традиционалната церемонија надвор од натпреварувачката селекција беше прикажан новиот филм на Вуди Ален „Midnight in Paris“.

По црвениот ќилим пред почетокот на церемонијата на отворањето се прошетаа Вуди Ален и неколкумина глумци од неговиот филм- Овен Вилсон, Рејчел Мекадамс, Ејдриен Броди и Мајкл Шин. На свеченоста присуствуваа и Роберт де Ниро, Емир Кустурица, Антонио Бандерас, Мелани Грифит, Салма Хаек, како и други членови на жирито.

На Бернардо Бертолучи, добитник на два Оскара за фимот „Последниот кинески цар“, му е доделена почесна Златна палма за севкупната кариера.

„Малку чекав, ќе ја добијам мојата Златна палма“, изјави доаѓаќи на свеченоста во Палатата на фестивалот во инвалидска количка. Наградата им ја посвети на „сите Италијанци кои и натаму имаат сила да се борат, да критикуваат и да негодуваат“.

Во натпреварувачката програма се филмовите „The skin I live in“ на Педро Алмодовар, „House of tolerance“ на Бернардо Бертолучи, „Pater“ на Ален Кавалие, „Footnote“ на Џозеф Седар, „Once upon a time in Anatolia“ на Нури Билге Цејлан, „The kid with a bike“ на браќата Дарден, „The artist“ на Мишел Хазанависиу, „Le havre“ на Аки Курисмаки, „Sleeping beauty“ на Џулија Ли, „Poliss“ на Мајвен, „Tree of life“ на Теренс Малик, „The source“ на Раду Михајлену, „Hara kiri“ на Такаши Мике, „We have a pope“ на Нани Морети, „We need to talk about Kevin“ на Лин Ремзи, „Мајкл“ на Маркус Шлајцнер, „This must be the place“ на Паоло Сорентини, „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир и „Drive“ на Николас Виндинг Рефн.

Прочитај и за ... >>  Несериозна форма, сериозна содржина

Посебно внимание предизвикува шокантниот 90- минутен документарен филм на британскиот глумец и режисер Кит Ален „Unlawful Killing“ („Неправедно убиство“), кој содржи црно- бели слики од принцезата Дијана веднаш по несреќата во Париз во 1997. година. Вакви фотографии досега не биле прикажани во Велика Британија, а ниту филмот, како што се тврди, нема да се емитува таму (ќе биде прикажан и во САД и во други држави во светот). Во Кан ќе биде прикажан в петок.

Мохамед Ал Фајед,чиј син Доди исто така загина во несреќата, наводно финансиски го поддржал филмот, но не знаел дека се планира објавување на фотографии снимени непосредно по несреќата.

„Тој ќе ги преземе сите неопходни чекори за овие фотографии да не се најдат во филмот“, изјавил неговиот портпарол, објави Fox News.

Принцовите Вилијам и Хари не коментираат, но извори блиски до нив за медиумите велат дека сосема сигурно би биле згрозени.

„Британските адвокати бараа да се цензурира на 87 места“, изјави режисерот Ален за „Гардијан“. „Мојот филм за истрагата содржи снимки од Дијана во кои таа зборува дека кралското семејство сакало да ја смести во ментална установа и истражен судија кој повторува дали некој се запрашал дали оваа несреќа е повеќе од несреќа“.

Прочитај и за ... >>  Нова ѕвезда на светското скијачко небо

Во официјалниот трејлер за филмот се наведува дека Дијана 4 години пред несреќата испратила писмо на пријател во кое вели дека ќе биде убиена, а нејзиниот сопруг планира сообраќајна несреќа.

По 6- месечна истрага по несреќата, судот во 2008. заклучи дека Дијана и Доди загинале поради невнимателно возење на пијаниот возач Хенри Пол, кој исто така загина, и дека за да дојде до несреќата придонеле папараците кои го следеле возилото. Мохамед Ал Фајед изнесе сомневања дека кралското семејство сакало да ја спречи Дијана да се омажи со неговиот син.

Со жирито на Канскиот фестивал претседава оскаровецот Роберт де Ниро.

„Не знам што да очекувам, ќе видиме. Непречемо да се гледаат толку филмови за толку малку време, за мене е крајно необично и фантастично“, изјави тој.

Двојниот добитник на Златна палма Емир Кустурица претседава со жирито на секцијата „Извесен поглед“ во која се наградуваат помалку познати режисери.

Канскиот фестивал ќе трае до 22. мај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here