Потребно време за читање: 2 минути

Освен 13- темина настрадани, ранети се уште 30- мина, а воениот психијатар мајор Малик Надал Хасан не е мртов, туку е тешко ранет и се наоѓа во болница во стабилна состојба.

Ова е една од најголемите загуби на војници на САД од војните во Ирак и Авганистан.

Напаѓачот бил вооружен со два пиштола, од кои едниот бил полуавтоматски. Еден сведок од базата изјавил дека војниците ја кинеле облеката за да направат завои за ранетите. Официјални извори не ја отфрлаат можноста некои лица да загинале од „пријателски оган“.

Хасан почнал да пука во медицинскиот центар врз колеги кои чекале во ред за лекарска проверка пред да заминат на фронтот или да се вратат оттаму. Потоа продолжил во центарот за подготовка и завршил на местото каде што се доделувале дипломи. На мајорот му било возвратено со оган и бил застрелан неколку пати.

39- годишниот Хасан е државјанин на САД од јорданско потекло, дипломиран психијатар. Пред тоа 6 години стажирал и работел во воената болница „Валтер Рид“ во Вашингтон. Таму имал тешкотии во комуникацијата со пациентите. На 28- ми ноември требало да биде разместен во Ирак и се чини дека бил „мошне вознемирен“ поради тоа, изјави една сенаторка од Тексас.

Прочитај и за ... >>  Неуспешна прва година на Обама. Има време да се „поправи“.

Испитувајќи ги мотивите за злосторството, откриено е дека ФБИ се интересирал за Хасан пред 6 месеци, кога на Интернет страницата Scribd автор потпишан како Нидал Хасан пишувал за бомбашите самоубијци во позитивно светло, споредувајќи ги со војници кои се фрлаат врз бомба за да ги заштитат соборците. Меѓутоа, не е потврдено дека се работи за Малик Надал Хасан.

„Њујорк Тајмс“ објави разговор со братучедот на Хасан, Надер Хасан, 40- годишен адвокат од северна Вирџинија, кој вели дека убиецот бил „смртно исплашен“ од можноста да го испратат во Ирак или Авганистан. Тој му се жалел дека го малтретираат во војската зашто е муслиман и сакал да излезе од неа, но не можел зашто требало да и плати долг за своето школување.

Базата „Форт Худ“ во централен Тексас е најголем објект на копнената војска во САД, која се простира на 64.000 хектари, а во неа се сместени околу 50.000 војници.

Изјава на американскиот претседател Барак Обама:

Прочитај и за ... >>  Почина Гари Мур

„Американски војници беа убиени и ранети во ужасен излив на насилство. Моите мисли и молитви се упатени кон семејствата на ранетите, загинатите и сите што служат во Форт Худ. Ужасно е што настрадаа во воена база на американско тло“.

Уште колку ли има „смртно исплашени“ дека ќе бидат испратени во војна, а кои би можеле да направат и поголеми злосторства? Дали навреме ќе се откријат?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here