Потребно време за читање: 3 минути

Претседателот на САД сам призна дека имал „политички недостатоци“, а особено во реализирањето на програмата за излез од кризата.

Всушност, признал или не признал „тоа му е“, противниците- републиканците се чини брзо се „созедоа“, па ја однесоа и првата(?) победа на изборите за сенатор на Масачусетс.

Се проценува дека има три клучни „моменти“ на дебаклот во првата година од владеењето на Барак Обама: невработеноста, која достигна 10%, необновен- незаживеан пазар на недвижности (еден од најпогодените од рецесијата, но и „највиновен“ за неа) и неминовноста од скорешно зголемување на даноците (веќе најавено). Не треба да се заборави и на претстојните мошне болни и тешки, но ветени реформи во здравствениот систем.

Меѓутоа, Обама не би бил она што несомнено е- голем лидер, ако не заземе јасен и „бескомпромисен“ став, особено кога станува збор за него лично, поточно за неговиот претседателски мандат.

Забележана изјава за телевизијата АБЦ, која наиде на големо одобрување кај американската јавност:

„Попрво би бил добар претседател во еден мандат, отколку просечен во два“.

Задутре тој ќе го одржи првиот говор за состојбата на нацијата на заедничка седница на двата дома на Конгресот.

А пред неколку дена Белата куќа и јавно презеде дел од одговорноста за губењето на мнозинството во сенатот. Коментар на изненадениот и мошне лут Барак Обама за поразот во Масачусетс:

Прочитај и за ... >>  „Лопата маркетинг“ или...

„Истата работа која што го внесе Скот Браун во канцеларијата ме внесе и мене, а тоа е незадоволството на луѓето кои се бесни и фрустрирани. Тоа не е само поради она што се случи во текот на минатата година, туку она што се случува во последниве 8 години“.

Всушност, не станува збор за сосема неочекувана, уште помалку за шокантна победа на републиканците. Се работи за место изгубено уште во 1953-та година, кога го освои Џон Кенеди, а потоа го држеше неговиот брат Теди Кенеди цели 47 години. Од друга страна, токму тој податок- да не се победи ни по повеќе од 4 ипол децении, најмногу „пече“: луѓето незадоволни, „бесни и фрустрирани“, а сепак гласаа за оние што ги „направија“ такви. Се разбира, допрва ќе се анализира зошто е така.

Прочитај и за ... >>  Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

Неуспешна прва година на Обама. Има време да се „поправи“

Претседателот на САД сам призна дека имал „политички недостатоци“, а особено во реализирањето на програмата за излез од кризата.

Всушност, признал или не признал „тоа му е“, противниците- републиканците се чини брзо се „созедоа“, па ја однесоа и првата(?) победа на изборите за сенатор на Масачусетс.

Се проценува дека има три клучни „моменти“ на дебаклот во првата година од владеењето на Барак Обама: невработеноста, која достигна 10%, необновен- незаживеан пазар на недвижности (еден од најпогодените од рецесијата, но и „највиновен“ за неа) и неминовноста од скорешно зголемување на даноците (веќе најавено). Не треба да се заборави и на претстојните мошне болни и тешки, но ветени реформи во здравствениот систем.

Меѓутоа, Обама не би бил она што несомнено е- голем лидер, ако не заземе јасен и „бескомпромисен“ став, особено кога станува збор за него лично, поточно за неговиот претседателски мандат.

Забележана изјава за телевизијата АБЦ, која наиде на големо одобрување кај американската јавност:

Прочитај и за ... >>  Светската економска криза и Балканот*

„Попрво би бил добар претседател во еден мандат, отколку просечен во два“.

Задутре тој ќе го одржи првиот говор за состојбата на нацијата на заедничка седница на двата дома на Конгресот.

А пред неколку дена Белата куќа и јавно презеде дел од одговорноста за губењето на мнозинството во сенатот. Коментар на изненадениот и мошне лут Барак Обама за поразот во Масачусетс:

„Истата работа која што го внесе Скот Браун во канцеларијата ме внесе и мене, а тоа е незадоволството на луѓето кои се бесни и фрустрирани. Тоа не е само поради она што се случи во текот на минатата година, туку она што се случува во последниве 8 години“.

Всушност, не станува збор за сосема неочекувана, уште помалку за шокантна победа на републиканците. Се работи за место изгубено уште во 1953-та година, кога го освои Џон Кенеди, а потоа го држеше неговиот брат Теди Кенеди цели 47 години. Од друга страна, токму тој податок- да не се победи ни по повеќе од 4 ипол децении, најмногу „пече“: луѓето незадоволни, „бесни и фрустрирани“, а сепак гласаа за оние што ги „направија“ такви. Се разбира, допрва ќе се анализира зошто е така.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here