Потребно време за читање: 3 минути

Обама е надеж и за индијанските племиња во САД. За разлика од поранешните претседатели, тој им вети не само дека „нема да бидат заборавени во Белата куќа“, туку конкретни програми со издвоени значиутелни средства за нивна реализацја.

Овој месец во САД е прогласен за Месец на културата на американските Индијанци.

Во организација на Белата куќа, во Министерството за внатрешни работи во Вашингтон се одржа еднодневна Конференција на племенските народи. Водачите на 564 племиња, кои ги признава сојузната влада, се собраа на средба со највисоките владини функционери за да разговараат за економскиот развој и искористувањето на националните богатства во резерватите, за јавната безбедност и изградбата на станови, образованието, здравствената грижа и вработувањето.

Во својот поздравен говор, Барак Обама истакна дека племенските водачи имаат пријател кој ќе настојува овој пат сојузната влада да одговори на нивните потреби. И во минатото им биле давани ветувања, но тие главно останувале неисполнети. Од министерствата побара да изработат детални планови за подобрување на односот на владата и племенските заедници, а ја именува Кимберли Техе (Kimberly Teehee), од племето Чироки (Cherokee), за политичка советничка за односите со Индијанците во Советот за внатрешна политика на Белата куќа.

Прочитај и за ... >>  Во СДСМ не само лидерска криза

Годишното одржување на конференцијата претседателот на САД го вети во предизборната кампања. Во мај 2008. тој го посети резерватот на Индијанците од племето Врани (Crow) во Монтана, а во согласност со племенските обичаи беше посвоен како почесен член на едно семејство и го доби нивното семејно име „Барак Црниот Орел“. Неговите посвојувачи, Сани и Мери Црн Орел, беа до него на предизборните собири во Монтана, а се повикани и на конференцијата во Вашингтон. Обама го доби и почесното индијанско име „Awe Kooda bilaxpak Kuuxshish“, што значи „Оној што им помага на луѓето ширум земјата“.

Одушевеноста и поддршката на Обама индијанските народи ја изразија мошне убедливо- 95% од нив гласаа на изборите за него. На почетокот од годинава претседателот на Националниот конгрес на американските Индијанци, Џо Гарсија (Joe Garcia), на последниот говор во тоа својство, во февруари годинава, изјави дека претседателот го држи за збор. Притоа на новиот Конгрес и новата администрација им упати апел во економското опоравување на земјата да се вклучат и Индијанците. Побара одново да се воведе законот за подобрување на здравствената грижа за индијанските народи кој истече во 1997. година.

Стапката на инфантилен морталитет е за 40% поголема помеѓу индијанските отколку кај другите народи на Америка, а индијанските тинејџери се двојно повеќе наклонети од своите врсници кон самоубиство. Очекуваното средно траење на животот помеѓу Индијанците е пет години пократко отколку кај другите Американци.

Прочитај и за ... >>  Силата на Уставниот суд на РМ против притисок

Напнатоста во односите помеѓу сојузната влада и индијанските народи е една од причините за поголемо политичко ангажирање на Индијанците на ниво на сојузните држави. Застапникот на државата Вашингтон, Џон МекКој (John McCoy), припадник на Тулалип (Tulalip) племето, е претседател на Националниот совет на индијанските државни законодавци. Тој вели дека на индијанските племиња обично им е полесно да се изборат за избор на Индијанци во државните влади, а ако нивните законски приоритети минат низ државната влада постои надеж дека потоа тие ќе бидат усвоени и на сојузно ниво.

Белата куќа соопшти дека веќе се издвоени значителни парични средства за подобрување на состојбата во резерватите. Досега во нив отидоа три милијарди долари од пакетот на економски поттикнувања, а 17 милијарди од пресметката во фискалната 2010. се издвоени за програми на Канцеларијата за Индијанци и Индијанската здравствевна служба.

Според најновиот попис од 2003., во САД живеат околу 2,8 милиони Индијанци, а од нив повеќе од третина во Калифорнија, Аризона и Оклахома. Резерватите во кои се населени повеќето од нив опфаќаат површина од 225.000 километри квадратни.

Прочитај и за ... >>  Последна фаза од сценарио или последен очајнички обид за спас од дефинитивен пораз

Да потсетам, на почетокот од минатиот месец (08.10.) Сенатот на САД прифати резолуција со која официјално им се извинуваат на американските Индијанци за сите злосторства што ги направиле врз нив. Иако тоа се смета за голем чекор во унапредувањето на односот спрема американските домородци, таа не предвидува плаќање на никаква оштета или надомест од САД. Една таква резолуција е одобрена уште во 2008., во поранешниот состав на Сенатот, но никогаш не е претворена в о закон.

Агенциите пренесоа и едно „збунување“ на Обама при поздравниот говор. Го искоментираа во стилот на „Му се сонило…“, „Однапред си предвиде“ и сл., а всушност би требало да се „третира“ како „нормално“ очекување имајќи ги предвид повеќето негови претходници.

Имено, обраќајќи им се на индијанските лидери тој рече:

„Во наредните осум години…“, веднаш поправајќи се: „Во следните четири години, да не избрзуваме толку“.

За да не биде разбран „погрешно“, Обама и по третпат си „интервенираше“:

„Во следните три години и еден месец, во кои верувам дека ќе бидам на оваа функција, ќе се залагам да не се менуваат политиките кои се корисни за Индијанците“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here