Потребно време за читање: 3 минути

Станува збор за предпристапна програма на Европската унија, а нејзин составен дел е ИПА (Инструмент на претпристапна помош, на англ. Instrument for Preaccession Assistance) , односно нејзинара 5- та компонента- Рурален развој. Тоа се неповратни средства за поддршка на земјоделството и сточарството во вкупен износ од 60,7 милиони евра, а кои ќе се користат до 2011- та година.

Програмата и мерките за апликации за нивно користење ќе бидат објавен идниот месец. На првиот оглас ќе се аплицира за 40 милиони евра.Најважниот аспект на оваа конкретна и мошне обемна финансиска поддршка на развојот на македонското земјоделство е зголемување на неговата конкурентност на европските пазари, имајќи предвид дека над 50% од вкупниот годишен извоз се реализира на пазарите на ЕУ. Од друга страна, пак, тоа значи обврска македонските земјоделци во своите бизнис планови јасно да ја изразат, покажат и докажат својата ориентација за идно работење според европските стандарди.

Изјава на Љупчо Димовски, министер за земјоделство:

Прочитај и за ... >>  А кој очекува датум за преговори?

„Со ИПАРД фондовите ќе се подобри квалитетот и ќе се зголеми пазарната вредност на земјоделските производи, а со тоа и на нивниот извоз. Целта е во Република Македонија на голема врата да влезат европските и светските трендови“.

Ппојаснува Маргарита Делева, државен советник за рурален развој во Министерството за земјоделство:

„Да се добијат средства од овие фондови и успешно да се имплементираат значи дека се добива едно европско обележје и ознака на инвестицијата, која натаму му дава една дополнителна конкурентска способност на оној којшто инвестира“.

Претставници на Европската комисија советуваат земјоделците уште отсега да започнат со подготвителните активности, за од декември со изготвен бизнис план да аплицираат за европските пари.

Кај Мортенсен, советник за ИПАРД од ЕК:

„Многу е важно да се започне со подготвителните активности. За тоа говорат и искуствата на земјите кои веќе ги користеа средствата од ИПАРД фондовите. Тоа значи не само подготвување на проектот, туку потенцијалните корисници треба да размислуваат и на придружните елементи, градежните дозволи и се она што е потребно да се комплетира пред да се отпочне со реализација на фондовите“.

Прочитај и за ... >>  ЕУ не ја користи историската шанса да го одложи сопственото пропаѓање

За „европските пари“ ќе можат да конкурираат одгледувачи на добиток, овошје, градинарски култури и лозови насади, производители на сурово млеко и месо, преработувачки капацитети за млечни производи, овошје и зеленчук, нови откупни собирни центри за овошје, зеленчук и млеко, за стандардизирање на кланиците и зголемување на можностите за пласман и извоз на месо, за нови технологии и еколошки стандарди и друго. Еден земјоделски производител или сточар може да аплицира со проект од минимум 5.000 до максимум 200.000 односно 400.000 евра, а преработувачите да користат од 3.000 до 400.000 и 800.000 евра.

Процедурата за апликација и добивање на средства (треба да се нагласи дека програмата не е социјална, туку наменета за земјоделците кои веќе имаат капацитети и финансиски средства) е тешка и комплицирана, со многу услови и ригорозни барања. Оние чии бизнис планови ќе бидат прифатени инвестицијата ја почнуваат со 100% сопствени пари. Половината од вложеното им се враќа по реализацијата на проектот. Тие можат да користат кредит од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд со поволна камата од 4% до 6%.

Прочитај и за ... >>  Критизерството не помага за подобар рејтинг

Министерството за земјоделство во изминативе и во наредните недели организира кампања- состаноци за информирање, едукација, совети како полесно да се „стаса“ до парите од ИПАРД фондовите.

Засега најголема заинтересираност има за инвестиции во градинарството и млечната индустрија.

„Во земјоделските региони, оние типични каде што доминира земјоделската дејност, заинтересираноста е голема, но и познавањата се на едно високо ниво. Тоа го оценуваме со прашањата кои ги добиваме. Веќе се зборува за специфични прашања, конкретно за изготвување на еден бизнис план“, вели Делева.

Првите договори се очекуваат во април и мај идната година.

Вклучувањето на Република Македонија во ИПАРД фондовите на ЕУ е уште еден показ на „основната“ економската перспектива: современо, модерно земјоделство, што побрзо достигнување на европските и светските стандарди и, пошироко, динамизација на руралниот развој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here