Потребно време за читање: < 1 минута

38. Естествен

И сам е препознатлив,
и замешан во луѓе;
човек од дамнина
до утрешнина,
човек од збор до дело,
од дело до збор.

И сам е
и го препознаваат
сите што како луѓе
го освојуваат светот
со својот ведар дух,
заедно со одблесоци
на постојаност
среде рамнодушна
тишина.

Естествен,
естествено препознатлив
меѓу жизнени соништа.