Потребно време за читање: < 1 минута

271. Цел

Уште чекор до конечна смрт
на долг, а неплоден живот.

272. Непознат издив

Ти не си ти во безнадежен свет
на ранет воин пред искрвавување.

273. Почини

Почини пред да се разбудиш
и да тргнеш по нов сончев зрак.

274. Гола планина

Камена планина до небо, на небо,
а низ неа, а во неа ни корен ни извор.

275. Самотен гроб

Покриле гроб плевели и диви цвеќиња,
а на мраморна плоча слова меѓу знаци.