Потребно време за читање: < 1 минута

89. Ново дело на Љуба

Чудно, додека седеа на трпезата и вечераа, мошне богата вечера со разни јадења, салати, црно вино, природни сокови, разни слатки, никој не прозборе ниту збор!  Секој концентриран на јадењето пред себе, како да им е непријатно оти се поседнати на една трпеза. Дури не наздравија за собирањето, за конечното запознавање  и почеток на соживотот! Само одвреме-навреме едни на други си упатуваа простосрдечни насмевки.

По  вечерата Аврамовите ќерки седнаа пред компјутерот во дневната соба, до малата застаклена библиотека, Самобитна сенка отиде во кујната да свари кафе, а Љуба, нејзината самобитна сенка, Аврам  и Светлана се префрлија во ателјето.

Светлана заинтересирано ги разгледуваше портретите на ѕидовите и на подот, а Љуба и Аврам застанаа пред штафелајот на кој беше поставено платно со скицирани непрепознатливи два машки и еден женски лик.

Аврам:

-Почнуваш ново дело?

Љуба:

-Да, најголемо од сите досегашни. Го почнав ноќеска, по полноќ…Со тебе, со мене и со Славен…Во моментот кога ти ја открив тајната.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Тој:

-Тема? Поента?

Љуба:

-Пресвртен момент во нова животворност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here