Потребно време за читање: < 1 минута

104. Оддалечени

Љуба е речиси запрепастена од откритието дека самобитноста е невозможна без индивидуалноста. Ако некому му успее да ги раздели насилно некое време, обете нема да прежиеват. Ќе почнат да се разнебитуваат и брзо ќе исчезнат. Може само да се оддалечат една од друга, што се случува во творечкиот процес на пример, но не толку за да не можат одново да се зближат. Како што тоа го стори нејзината самобитна сенка.

„Досега само мигум се оддалечуваше од мене, некогаш тоа воопшто не го ни забележував, ама ова сега е друго. Се оддалечи и е сѐ уште оддалечена. До кога? Белки не предолго. А ни да помислам на нераскинливата врска меѓу нејзината самобитност и мојата индивидуалност. Со денови и ноќи не се помрднувам од пред портретов за зачетокот на новата животворност, но никаков креативен импулс во мене“.

Ѝ вели на Самобитна сенка:

-Самобитна сенко, сите ние знаеме дека никој не може ни да опстои, камо ли да твори без своја сенка, сеедно колку е самобитна. Ама како тоа со менувањето и скусувањето на нашето време да се менува нашето меѓусебно однесување?

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА-роман во продолженија

Самобитната сенка ја гледа втренчено некое време, па ѝ одговара:

-Твојата самобитна сенка овојпат се оддалечи за подолго оти е сосема во право. Ние трите како да подзаборавивме оти е најголема нејзината зависност од светлината, сончева или месечева. Таа, пак, нѐ прави сѐ понемоќни, па се плашам скоро да не престане нашето заедничко творење без индивидулност. А е непобитно дека веќе го сменивме нашето меѓусебно однесување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here