Потребно време за читање: < 1 минута

98. Шега

-Мајко, во Прострел многу зборуваат за оживувањето на портретиве и бришењето на границата помеѓу стварниот и заумниот свет!

-Ти се шегуваш со мене, синко?!

-Зошто би се шегувал? Ликовните критичари се вчудовидени, велат дека е тоа најочевидна и најголема потврда на вашиот сликарски гениј!

Љуба, нејзината самобитна сенка и Самобитна сенка замолчуваат. Ги наведнале главите, се погледнуваат одвреме-навреме, не се поместуваат од место. Како да ѝ се опираат на некоја чудна, нејасна и незнајна меланхолија.

Се вмешува Самобитна сенка:

-Простете, Господине Аврам, и јас мислам дека е тоа шега. Оживувањето може да го согледа само оној што е согласен дека дело создадено со возбуда и доживувано како лична рожба ја брише границата помеѓу стварниот и заумниот свет. И…

Љуба:

-Да е така како што велиш, во Прострел би се случувале чудесии. Луѓе со крилја би летале на небото, секакви животни би оделе по улици, дрвја и треви би танцувале на ветер и би почнале да ја освојуваат пустината…

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Аврам:

-И се случуваат, мајко! Ваши портрети помеѓу нив игра игра детинеста. Туку… да ги изнесеме надвор, на виделина и овие во ателјево? Ги бараат. Да ги видат. Да бидат со нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here