Потребно време за читање: < 1 минута

107. Сновење

Љуба сѐ почесто снове сама низ Прострел. Ќе стане во рани зори и час-два-три снове низ неговите улици, особено низ уличките. Претпладне снове низ патеките на Градскиот парк, а напладне обично завршува на плоштадот, меѓу бројните мраморни, железни и дрвени споменици и скулптури. Од квечер па сѐ до длабоко во ноќта снове низ горите на исток и север. Неретко ѝ се случува на полноќ и по неа да снове низ крепоста или пред теснината што го дели гратчето од пустелијата.

Како ѝ дојде, од каде таа потреба за сновење? Не знае да си објасни, но најчесто ја доведува во врска со оддалечувањето на нејзината самобитна сенка за подолго. Се согласува со Самобитна сенка дека е во право што го стори тоа поради зависноста од светлината, сончева или месечева. Но не прифаќа дека таа секого прави сѐ понемоќен гаснејќи ја, пресекнувајќи ја индивидулноста. Дури, сѐ почесто ја осудува за менувањето на нивното меѓусебно однесување.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Додека снове сама низ Прострел, Љуба често зборува гласно сама со себе. Притоа внимава некој да не ја догледа, да не ѝ се доближи, да го забележи тоа и секако да помисли дека нешто не е в ред, можеби е померена. Најчесто зборува за големото дело на кое му го наѕира крајот-портретот со неа, Аврам и Славен, на непорочната љубов и нејзината единствена рожба. Уште само неколку пополнувања на празни места со црна и покривање на белини со жолта боја.

Ѝ фали нејзината самобитна сенка баш за последните потези. Веројатно затоа ѝ се најтешки. Со денови едни не завршува, а други не почнува. Снове и се убедува себеси дека тие мора во најголема мера да ја изразуваат нејзината индивидуалност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here