Потребно време за читање: < 1 минута

111. Конечно исчезнување

„Граѓани на Прострел, почитувани моио сограѓани, пријатели, познајници и незнајни,

Ве известувам дека ноќеска, во два часот, четириесет и шест минути и триесет и шест секудни починала сликарката-портретистка Љуба, мајка ми, позната според нејзината краткотрајна, но единствена и најголема љубов со славниот скулптор Славен Источник, мојот татко. Ја најдовме мртва во нејзиното сликарско ателје утрово, во осум часот, дваесет и седум минути и четириесет и две секунди, јас, нејзиниот син Аврам, мојата сопруга Светлана, нашите ќерки Анета и Билјана и нејзините оживеани портрети. Беше сама, без нејзината самобитна сенка, спружена на подот покрај нејзиното последно завршено дело на кое сме јас, таа и Славен, и на кое доминира крепоста на брегот, најизразитиот сведок на една непорочна љубов. Сета вкочанета, бела и студена. Лекарите констатираа дека починала од ненадеен и жесток мозочен удар.

Ќе ја погребаме на Градските гробишта, во гробот на нејзиниот Славен, точно напладне. Нека почива во мир и незаборав.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Утре, на денот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, пред Мостот на непорочната љубов, над долината со соголени и откорнати дрвја, помеѓу двете високи стени, свечено ќе биде поставена голема и масивна скулптура од железо, стакло и мрамор на младиот вајар Страхил Мариовски. На која сме сплотени јас, мајка ми Љуба и татко ми Славен, со срце точно насреде.

Сите нејзини оживеани портрети наскоро ќе бидат изложени во Палатата на творечката страст, спокојот и животворноста“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here