Потребно време за читање: < 1 минута

96. Прво оживување

Љуба, самобитната сенка на Љуба и Самобитна сенка се вчудовидени. Пред нивни очи едни портрети им се виѓаваат оживеани, други околу нив како штотуку да оживуваат, а трети помеѓу нив покажуваат знаци на оживување!

Љуба:

-Што е ова, сенки мои?! Само ми се присторува, ви се присторува ли и вам или навистина…

Самобитната сенка:

-Не, не ни се присторува! Вистина се случува! Нашиве портрети оживуваат, драги мои!

Самобитна сенка:

-Чекајте!…Да ги загледаме! Ако навистина почнаа да оживуваат, тогаш конечно…Нашата посветеност на портретирањето воопшто не е случајна. Станува збор за концентрирана творечка енергија која сигурно ќе ни овозможи премин од нашиов, стварниов…во друг свет! Да ги поврземе, да станат еден, целовит.

Самобитната сенка:

-Љуба, јас можам пред секого да посведочам дека со години на ред и здрава и на работ од животот ти работеше на портретиве со нескриена вдахновеност. Ние ти бевме само на припомош.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Љуба:

-Остави го тоа. Ние сме постојано заедно…Самобитна сенко, портретиве оживеаја и оживуваат за да ја избришат границата помеѓу стварниот и заумниот свет…за нас…Засега никој друг не смее да го дознае тоа!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here