Потребно време за читање: < 1 минута

92. Поврзаноста на Прострел со минатото

Град или гратче среде пустина е Прострел? Како за кого. Град е за оној што во него се доселил завршувајќи ги скитањата низ пустинските предели одново почнувајќи го животот, а гратче за секој што е одамна во него, можеби еден од неговите градители, со живи спомени од неговото заживување и растење. Впрочем, тоа не е за истакнување ако се има предвид дека и другите во близина и далеку од него се како него, дури може да се рече истоветни. Прострел се изделува од нив само според организацијата на животот на неговите жители, со предимство на квалитетот и динамичната реализација на индивидуалната творечка енергија.

Всушност, и Прострел и сите други градови во пустината според структурата, содржината и организацијата се налик на полисите, независните антички градови-држави. И околу него над земја и под земја како околу нив: изѕидани високи и дебели бедеми, за одбрана од непредвидливостите и неизвесностите на пустината, голем плоштад со скулптура на грамаден човек, фонтана на средината и секакви други помали вајарски дела, пазариште слично на агора, квартови поврзани со подземни, земни и надземни улици, булевари и пруги, во нив секакви големи и мали зданија, тревници, цветни градини, дрвореди, паркови и ботанички градини.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман за минливоста и трајноста, роман во продолженија

Особено интересно за Прострел е дека мнозина го поврзуваат со древниот град Петра во Јордан, изделкан во карпи на планинската долина на источниот дел во Види Араба, главниот град на Набатејците, и со подземниот град од поблиското минато Кубер Педи, изграден во најсушниот предел на Јужна Австралија. Со Петра стратешката положба во пустината, а со Кубер Педи богатиот и разновиден подземен живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here