Потребно време за читање: < 1 минута

99. Живеачка

Нема рамновесие помеѓу материјалното, поточно потрошувачкото и културно-образовното, поточно творечкото во живеачката во Простел. Второто е далеку над првото како задоволена потреба и како лично очовечување. Прострелчани тоа го викаат висок квалитет на животот кој не е постигнат спонтано, како природен развоен правец, туку е резултат на долгорочна политика во ограничени просторно-временски услови, пред сѐ опколеноста од пустина.

Одделните квартови, сосе нивното надземно и подземно поврзување, сосе водните, копнените и небесните површини, светлините и темнините како деноноќија, им нудат на сите да живеат свој живот и секидневно творечко докажување на сопствената индивидуалност; едновремено постојана лична и колективна духовна надградба.

Имено, во основата на соживотот на сенките, луѓето и на сенките на луѓето имашноста речиси нема никакво значаење. Владее правилото „Доста е колку што стекнав досега со личен труд“. Знаењето и творењето се суштествени за затврдување и докажување на сечиј и секаков идентитет.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Во секој од четирите кварта во кругот има по неколку големи зданија-културни центри, музеи, театри, концертни сали, ликовни галерии, библиотеки, во кои прострелчани минуваат најмногу од своето лично време. Во секој по неколку основни, средни училишта, одделни факултети, универзитет. На големиот заеднички плоштад, пак, постојано се поставуваат нови секакви мраморни фигури.

Во Прострел има само едно големо пазариште , а во секој кварт по еден хипермаркет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here