Потребно време за читање: < 1 минута

94. И живи и мртви

Во Прострел се изедначени живите и мртвите според местото и значењето во секидневноста? Да, а зошто тоа треба да се потенцира? Не е така во секое друго гратче, во секој друг град? Да, треба да се потенцира затоа што станува збор за континуитет на животот и негово траење наспроти заборавот, минливоста и ништожноста. Имено, и живите и мртвите во Прострел се нераскинливо поврзани со делата, творештвото, создавањето, односно духовното. Како материјализирани!

Просто напросто, на живите мртвите им се секогаш пред очи, на секој чекор, а се заедно и во постојан меѓусебен дијалог преку нивните дела. Единствената разлика помеѓу нив, на која воопшто не обрнуваат внимание ни едните ни другите, е нивната материјалност, поточно формата, структурата и внатрешната содржина. Токму тие ја определуваат разликата во големината на едните и другите. И едните и другите се различно големи додека се живи и по смртта, исчезнувањето или заминувањето од овоземнииот свет, а мртвите се мраморни, гипсени, железни, месингани, стаклени, жичени и дрвени. Заедно се низ улиците на градот, вдолж булеварите, на плоштадите, но и во малите заградени простори околу куќите.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Кај младиот вајар Страхил Мариовски, еден од водечките во Прострел, од учениците на славниот Славен Источник, Аврам нарача изработка на голема и масивна скулптура од железо, стакло и мрамор. На која власта веќе ѝ го определи местото каде што ќе биде поставена: пред Мостот на непорочната љубов, над долината со соголени и откорнати дрвја, помеѓу две високи голи стени. На скулптурата сплотени тој, мајка му Љуба и татко му Славен, со срце точно насреде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here