Потребно време за читање: 2 минути

2. Жива вода

-Станав жива вода!-ми подвикна жизнено и радосно пријателот со кого во последно време долго разговаравме за водата како жива, а која човекот секојдневно ја умира. Гаснејќи ја жедта, одржувајќи чистота на телото и постојано атакувајќи на природата која му дарува живот, едновремено и на сопствената.

Се најдовме на левиот брег на Брза река. Шумна, пенлива, и меѓу камењата и стените како нескротлива.

-Белки не сакаш да речеш дека си се испотил до гола кожа трчајќи по патекава на кејов. Воопшто не ми изгледаш таков.

-Не пријателе, не сакам. Ти велам дека станав жива вода буквално. Поточно ист како неа, дел од неа. Како водава во рекава.

-Шумен?! Пенлив?! Меѓу камења и стени нескротлив?!

-Ја знам твојата поетска опитност. Ти ја прифаќам зачуденоста и потврдувам. Да, до неодамна не бев, ама сега сум шумен, дури екотно. Пенлив сум кога кажувам и докажувам, а нескротлив бев но никогаш како сега.

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази

Обајцата замолчевме загледани во водата на Брза река. Потоа јас пак прв:

-Мислеа дека Брза река ќе го прифати и ќе се привикне на коритово што ѝ го направија за да не преплавува повеќе. Ама не се дава цела. Успеаја само додека тече низ градов. На влезот и излезот од него продолжи да преплавува.

-Коритото не ѝ претставува опасност по живот, туку фекалиите, отпадните води и отровите што ги насочија да се влеваат во неа. Тие ја обессилуваат и ја ја умираат бавно.

Наеднаш нѐ замолче, просто нѐ занеми Брза река! Ни се обрати со громок глас:

-Знам дека не се сомневате оти водата како вода е жива, и мојава. Која човекот секојдневно ја умира гаснејќи ја жедта, одржувајќи чистота на телото и постојано атакувајќи на природата која му дарува живот, едновремено и на сопствената. Најпрв од сите предуслови за живот е слободата. Која е целосна, единствена. Никогаш не била, ниту може да биде делумна…Проблемот е во просторот што ѝ е на располагање. Коритово и ми е и не ми е доволно. Ми е за и натаму да бидам шумна, пенлива и нескротлива, а не ми е оти од ден на ден во мене сѐ повеќе навлегуваат фекалии, отпадни води и отрови.

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази/ескизи

Му се обрна на пријателот:

-Ти што си станал жива вода, дел од неа, значи ист како мене, бори се до премалување за целосна слобода на твојата личност. И не одлагај, веднаш одведи го твојов пријател до моите извори. Дури е жив. После заедно и со заеднички сили ќе изнајдеме решение против фекалиите, отпадните води и отровите на живуркањето на жителите на градов.

Се договоривме утре наутро да го искачиме врвот на планината Воден, до изворите на Брза река. Ќе ни требаат најмалку четири-пет напорни часа. Особено во совладување на стрмништата и гребените.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here