Потребно време за читање: 2 минути

1. Полнота на животот

Ми прикажуваше умрен имашен за полнотата на животот:

-Можам многу да прикажувам за неа надолж и нашир, ама не знам на колкумина може да им е интересно. Ако е само за тебе, ќе биде доволен само еден пример на живот во немаштија.

Му се чудев:

-Зошто да е интересно? Не може да биде поучно, насочено, забавно?

На умирање ме праша зачудено:

-Кому му е до поука, насочување, забава?!

Откако умре го поттикнав да ми прикаже само еден пример:

-Јас живее и умрев многу имашен. Прашај ги колку многу оние мои потомци на кои им го распределив со тестамент. Сега знам дека ниту тие, ниту ти би се изненадил и не би ми поверувал ако ти кажам дека живеев бедно. Ама ако ти е знајна суштината на полнотата на животот…

Помолче некое време, па продолжи:

-Ај да не ти прикажувам за мене. Не мора да знаеш…Добро е да знаеш за еден средовечен беден и сѐ уште жив кој живее во немаштија и ја живее полнотата на животот. Да не навлегувам во деталите: доволно му е она што го има, на себе, со себе, околу себе, особено во себе; често му се случува цел ден да не стави ништо в уста; веќе се навикнал, а со гладување два-три дена редум ги одржува здравјето и ведрината на духот…Духот! Тој!…За бедниот и сѐ уште жив малкумина знаат, меѓу нив бев и јас, дека има немирен, лесно возбудлив дух; кому најголем предизвик му е ликовната уметност. Конкретно: не пропушта ничија и никаква изложба, а со загадочна насмевка одговара со „Си знам јас“ ако го праша некој од каде му се толку убави и вредни слики изнаредени на ѕидовите во неговото живеалиште од триесетина квадрати, во поткровјето на највисокиот облакодер во градот.

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази/ескизи

Му го прекинав прикажувањето:

-Ама тоа е само дел од суштината на полнотата на животот.

Продолжи:

-Се разбира. Тоа со сликите беше само еден елемент или сегмент.Можеби најпрвин требаше да потенцирам дека средовчниот не живее сам. Има семејство, жена и четири деца-машки од пет и девет, и женски од седум и дваенаесет години. Да, да, тој се фали дека триесетината квадрати ги стокмил така што на сите им е доволно и комотно. Јас видов, се уверив. Човекот сиот мебел го смислил и направил сам. Сите елементи се склопуваат и расклопуваат…Сите се радуваат кога ќе им дојдат на гости ближни и пријатели, а и тие радо споделуваат заедничко време кај нив…И тие гладни понекој ден? Тој и жената му да, но децата никогаш. Обајцата заработуваат секогаш доволно за нив. И за облекување, учење, дружба, забави со врсниците. За боравив да спомнам дека обајцата се вработени-тој како библиотекар, а таа е касиерка во кино.

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази, ескизи

Го прашав:

-А зошто ти си живеел и умрел многу имашен.

Не ми одговори, но јас во меѓувреме разбрав дека умрел ненадејно од инфаркт, како последица на работна исцрпеност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here