Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum XIX

Преобразбите си имаат
свој крај
.

Глас 7

Да не се изненадиш ако пронајдеш болест или смеење. Тие се дел од логичниот ред што мора да биде воспоставен оти навреме си ја спасуваме честа. Во суштина, работите не ја менуваат својата содржина одредена уште пред да ги претставиме. Единствено љубовна авантура може да им ја смени бојата. Кога сенката ќе се соблече дека претставува убавина на гола жена.

Глас 10

Но не смееме ни жестоко да реагираме ако нѐ остави да ја одржува својата убавина кај други. Тоа е навика. Ќе си ја изнашара кожата со игли и ќе изгуби секаква нежност во допирот. А потоа сама ќе решава со кого да спие.

Глас 4

Ти премногу брзо пламнуваш. Воопшто не се грижиш за плодноста на народот. Затоа не признаваш дека треба да ги негуваме интимните односи/ Иако веќе почнуваат долгите годишни времиња.

Глас 2

Инсектите се будат првично, со накострешена одбрана.

Вехеменција.
Возбуда со ветер.

Да сте се обиделе
барем еднаш да пливате
во мраз!
Легнувате, фрлате
цели кругови од рацете
во главата ненавикната
на страсти,
со пејзажи и рани.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, поетска инсталација

Напорно е,
а телото никако
да се задржи на бранот.

Битката ги дели копјата
на две половини:
на сонце и планина.

Генијот си ја пика раката
во мевот,
да го пронајде своето
слепо црево
и да го пресече
со ножички за нокти.

Напорно е без matamoros!
Mразот си има причини
за сон.
Не, нема да потонете.
Само ќе ви влезе
во кожата
и ќе ги раздвижи
пијавиците за крв;
колку да догледате
како генијот
ги превртува очите
со намера да го паметите
без nomen gentile.
Оти ви накажа говор
со страв во согласките.

Ќе ви влезе мразот
во кожата
за потоа да ја сечат
без болка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here