Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum XXXVII

Само двајца

Глас 1

Ете, на крајот останавме само ние. Ние како што предвидовме. Сега двобојот.

Глас 10

Веќе се договоривме. Со меч во едната и оган во другата рака.

Глас 1

Ама без смрт. Како бесмртни.

Глас 10

Јас не знам за таков двобој. Ни во далечното
ни во блиското минато. Ама нека биде.
Двобој на два гласа бесмртни на сценава.

Додека ги менуваат јадењата,
ние си ги чепкаме забите со шајки.

Тоа што наскоро
ќе мораме да ги замениме
со пластични,
ништо не менува;
пак со шајки
ќе правиме дупки
за мед и вино,
за со отворена уста
да ја слушаме
„Осмата симфонија“
на Бетовен.

Oти конечно треба
да му се изнасмееме
на животот.

Медот треба да го пиеме
ноќе
ако се будиме често;
за да го чекаме утрото
спокојни,
за да си ги сочуваме телата
здрави и прави.

Нашата улога
ја играме докрај искрено;
длабоко веруваме
дека народот ќе ја памети
оваа свечена вечера
и на крајот со компот
од сезонско овошје.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, Мудрости заради кулминација, поетска инсталација

Децата ни излегле
на улица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here