Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum XXXIX

Завесата се спушта, се слуша само еден глас

Глас 1

Те поздравувам и ти пожелувам пријатен ден,
спокојство, здравје и љубов.

На крајот би било умно да предложиме
поголема специфична тежина на зборот
и да ја спуштиме завесата последен пат.
Со запалени свеќи во срцата
заради маската до првото доаѓање
на сонот

Затоа што децата
ни ги зедоа сите мудри изуми
со кои си го поставивме
животот
за многу сериозен.

Ако продолжат вака
да ги користат како играчки
врзани со смеа,
се заборава на спиење.

Ако ги користат како играчки
за да ја намалат
силата на енергијата
што ја трошат животните,
растенијата и земјата,
посебно свеста,
божем ќе ја заштитат
човековата средина,
освен ако тоа не прерасне
во светски процес,
ако ги користат како играчки
народот ќе нѐ сфати точно.

Дека сега нема трпение,
нека биде крај.

Маската ќе ја нацрта
на дланките
и ќе ја прикажува
во секој случај.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, поетска инсталација

Подобро да не ги спомнуваме
пак нејзините бразди.

Може се лични,
напишани со кинеско писмо.

Може заспале мртви војници
во нив,
со стрели во грлата,
со карпи во главите
и пожар.

Треба да се прифати
нашиот предлог
зборот да има поголема
специфична тежина;
оти мошне често
му го менуваме местото
во редот,
па говорот ни е во неред
и неретко несентенциозен.

Се препознава во чевлите
на прагот,
во потковиците на месечина,
во љубов ноќе во соби,
со микрофон во постела.

Значи:
Ако зборот има поголема
специфична тежина,
прво ќе се намали
смртноста на доенчињата
од невнимание,
а потоа
и нашето расположение
ќе биде повисоко
во вселената.

(Проблемот е
во меѓусебното однесување;
да имаме повеќе време
за нашето убедување
дека е несомнено постоењето
на историјата од нас.)

Ја спуштаме завесата
со запалени свеќи во телата
како последна почест
и молк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here