Потребно време за читање: 2 минути

Momentum XXXIV

Зошто само сенката?

Глас 1

Сѐ тоа е убаво замислено. Но, јас прашувам зошто ние ја имаме само сенката?

Глас 2

Разденува, а облаците бргу ќе истурат дожд. Не ќе биде добро за нас ако авторот на ова дело предвидел и по дожд да го продолжпме нашиов разговор.

Глас 3

Почетокот и крајот се секогаш многу блиски. Сѐ помеѓу нив се сведува на непрецизно и нецелосно толкување на сонот.

Глас 4

Бидејќи веќе почнавмепо малку и за страстите, мене ми е редот. Ве облеков во последни алишта, ви ги отворив градите, ви ги направив лицата, па двобојот може да почне. Имам уште време да кажам дека страста е многу нервозна и треба да се трудиме да не ја препознаеме. Може да ни ги пресече идеите за смеење. Особено пред нашите умирања, кога ќе си ги броиме децата оти ни се блиски во игрите.

Глас 5

Значи и ти. А забораваш дека сме повикани на свечена вечера. Нема значење тоа што никој не нѐ забележува. Занесени се во милувањата на телата.

Смешни кажувања заради веселба
до првото јадење.

Јас сум од оние што мислат
малку подолго
дека носот го оставаш
на маса
за да не ти пречи
додека настојуваш спокојно
да ја голтнеш маслинката
како точка;
заради желудникот
подобро е да не зборуваш
кога јадеш;
да шепотиш може.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, поетска инсталација

Никој не забележа,
но ти велам стави го пак;
супата што ќе ја донесат
ќе биде жешка,
а јазикот ти е веќе црвен
од возбудени допири.

Жената пред нас
оди на раце;
си го сокрива лицето
нацртано со јаглен и чад,
значи со фустанот;
само да потсетам
дека има нежно тело
ако легне кога ќе се измори.

А со поетот?
Со него не се случи
скоро ништо.

Само си го касна говорот,
ги издолжи очите
и рече:

Ќе бидам голем,
да ме заслужат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here