Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum VI

Коњи направени од дрво
качени на карпа.
Водата минува под неа.

Глас 10

Можеби ќе беше подобро поинаку. Нешто од фантастиката. Главите големи, со дупки на челата, а очите око. Атрофија на телото

Глас 7

Горчина? Не. Само иронија. Не мора око ако ти пречи.

Дека камен и коњи.

Коњите скокаат на рака,
на камен скокаат
нацртан во треви
за да го најдат,
со води и планини;
да го фрлат
во мртва природа.

Ако го легнат под вени,
вените ќе си ги пресечат,
па ќе запрат
за очите да ги одморат;
да заборават дека стопанот
ќе им ги пукне главите
со секира, со куршуми.

Коњите скокаат на рака,
на камен скокаат;
не оти ќе им помогне
искрата со копито.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here