Потребно време за читање: < 1 минута

47. Дом за развевање

Ја отвори големата дрвена порта на својот дом, го пречекори прагот и отиде незнајно каде. Отиде во неврат. Го стори тоа затоа што конечно го порази осаменоста во него.

А не така одамна, пред само единаесет години го изгради со голи раце, сам, без припомош на ближните. Тие во меѓувреме заминаа кој каде, без надеж дека ќе се вратат кога било.

Го изгради предоцна? Очигледно, ама не можеше порано. Особено не навреме. Го снеможе болест, го врза во постела и со последни сили успеа да ја победи, да застане на нозе, да исправи снага. Сосем сам.

Неговиот дом е за неговото многудетно семејство кое го израсна, го ишколува и го подготви за живот со неговата покојна Мила.

Издржа сам во него цели единаесет години. Одвреме-навреме понекој од ближните му се јавуваше да го праша за здравје и како му е. Но најмногу време минуваше во молк под сенката на стариот даб пред портата.

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Јане Кроткоски отиде во неврат. Неговиот дом почнаа да го развеваат ветришта.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here