Потребно време за читање: 4 минути

766. Трагична состојба:
Или си со нас или не си ништо.

767. И заборавен од ближни и незнаен за ближни.

768. Значи, ниту си значел, ниту значиш.

769. За жал, многу неповратни нешта.

770. Прв меѓу еднакви-значи секој може да биде прв и тоа нема никакво значење. Особено не да претставува каква-годе привилегија.

771. Мудроста пред сè, секогаш. И денес за утре.

772. Не ќе е оти не знаете, туку се правите наудрени!
Според Преспанскиот договор, името на „втората страна“ (се мисли на Македонија) е Северна Македонија.
Значи, „северна“ не е придавка! Би било придавка ако беше Северна  Република Македонија (или географска одредница).
И уште:
Пред преименувањето, името на државава беше (требаше да биде и според Уставот) Македонија! Република значи државно устројство или облик на владеење (менливо).

773. И ова во врска со важењето на Преспанскиот договор:
Како меѓудржавен, договорот во името на „втората страна“ (се мисли на Македонија) требаше да го потпише претседателот на државата (тогашниот-Ѓорги Иванов).
Никола Димитров треба да одговори кој го овластил токму него да го потпише!
Бидејќи немал овластување (тоа се знае), тој лично извршил велепредавство, а Преспанскиот договор е ништовен!

774. Мислам на утре зашто денес ми е вчера.

775. Му фалиш на оној со кого не си, а си бил.

776. Влијателен не се наметнува, па дури не е ни свесен дека е.

777. Ако не сè, тогаш многу да зависи од мене.

778. Ги почитувам сите творци што ме почитуваат како творец.

779. Некои нешта е нужно да се повторуваат. На пример:
За мене, Љупчо Димитровски, не постојат Струшките вечери на поезијата (СВП). Како што не постојат Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Причината е едноставна:
Затоа што јас како мислител и книжевник не постојам за нив.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 929-1.000

780. Дали очекувам скорашна позитивна промена на односот спрема мене како творечка личност и спрема моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот? Не! Затоа што каква било промена зависи исклучиво од мене.

781. Прва вредност на едно дело е неговата искреност.

782. Мисија:
Градиш, надградуваш, обновуваш, негуваш и чуваш.

783. Староста и годините ретко одат по наспоредни патишта.

784. Не може да се создава нешто бесцелно.

785. Секое мое дело само мене ме докажува како творец.

786. Од тебе не очекувам ништо. Зашто те знам одамна ништожен.

787. Љубовта меѓу двајца е единствена додека има свој живот од вчера до денес.

788. Кај да е собрано во тебе-во мислата, во срцето, во крвта, злото најсетне тебе ќе те сотре.

789. Чувството на инфериорност е самопонижувачко.

790. Бедата на твојот дух со ништо не можеш да ја надминеш.

791. Самосвесен, самобитен, независен, слободоумен-возвишен.

792. Од вас, неуки и неопитни бездарници, не ми треба никаква, ни мала ни голема чест.

793. Неречено-доречено:
Каубојците ги третираат Македонците како индијанските племиња при освојувањсето на нивната земја.

794. Кандидатите за нов лидер на СДСМ (името не „кореспондира“ со Преспанскиот договор) се уште една потврда дека партијата е мртва.

795. Проблемот со бројот на министерства (организацијата на Владата) не е во владеењето, туку во ефикасното дејствување.

796. -Ти си готов!
-Стварно?! Добро, не сум ни прв ни последен.

797. -Ти си гениј.
-Баш ми е мило ем драго!

798. Нема војна ни меѓу пријатели ни меѓу непријатели. Има само меѓу освојувачи и бранители.

799. Најтешко е сè да се почне одново. Поготово ако мора веднаш.

800. Со бистар ум секој нов чекор стамен и непоколеблив.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 70-140

801. Успешна политика-водена со разум, разбирање и создавање вредности на животот.

802. Исполнет живот-со дела создадени и создателни.

803. Не сум со тебе оти не си за мене.

804. Интересот никогаш единствен. Секогаш прв.

805. Има многу знајни мудри луѓе докажани со дело. Твој проблем е што не ги знаеш.

806. Главно за моето творештво:
Секое создадено и дело во создавање можам да го завршам или пресоздадам кога ќе посакам.

807. Се думам дали имам уште време за понешто да доумам.

808. Мојот крај ќе биде во мигот кога ќе ставам точка на сè.

809. Како човек да ѝ помогне на испостена земја да остане негова?

810. Секогаш си во мој спокоен сон.

811. Секому му доаѓа време на преиспитување на сопствените можности. Обично пред нов чекор.

812. Не си, ниту можеш да бидеш предводник со болни амбиции.

813. Што по мене? Сè од мене.

814. Не можеш да разбереш и воспримиш мое дело, ако не навлезеш во него.

815. Сè потешко се преживува од невреме до време.

816. Нема ништо случајно кога владее интересот.

817. Видна личност видна од личности.

818. Обичен стар бел дедо, со нескротлива творечка енергија и дела за заборав. Сосе неговиот замин во неврат.

819. Не гледа, а гледа, не слуша, а слуша, не збори, а збори…во себеси.

820. Мислам дека секој друг на мое место одамна не би бил на мое.

821. Го немам само она што одамна ми припаѓа заслужено.

822. Јас сум на свој врв. Не единствен во досега изживеаниот живот, но можеби последен.

823. Со секое будење во нов ден си велам уште не е доста од мене. Без оглед што секој нов ми изгледа сè понеизвесен.

824. Понекогаш жалиш што не сме заедно? Не верувам оти те нема никаде.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 195-250

825. При континуитет нема ненадејности.

826. Подлоста е неизлечива болест всадена во безличен човек кој живурка бесмислено.

827. Богат живот-во доволност, задоволство, стаменост и спокој.

828. Маската не сокрива вистинско, туку лажно лице.

829. Заминуваше долго и што подалеку од мене. Додека не исчезна засекогаш.

830. Меѓу време и невреме е најважно да достоиш во свое време.

831. Секое мое дело и со мене и без мене самостојно.

832. Сè е лесно решително.

833. Секоја објава на завршено творечко дело е за чествување и радост.  Доколку е завршено.

834. Не може да зборуваш не кажувајќи ништо. Исто како што не може да молчиш докажуѕвајќи нешто.

835. Ме поддржуваш, а не кажуваш зошто.

836. Тешко е човек на стари години да почне нешто ново? Што знам…Мене не ми е.

837. Заборавен од сите? Може, дури многу веројатно по многу години.

838.  Со чевел на десната и со селски опинок на левата нога не тргај на прав пат.

839, Што можеш да сториш за мене? Доста ќе е да не сториш ништо!

840. Со сите си зашто си никој и ништо.

841. Само ми е малу жал што не читаш ништо напишано од мене.

842. Сам јас од мене.

843. Не разбирам како не разбираш дека се радувам на објава на сечие дело, а мое не објавувам.

844. Па што јас со грандиозно мислечко и книжевно дело, единствено на светот? Па ништо!

845. Не е само задоцнето, туку е навредливо, лицемерно и цинично на мислител и творец како јас, пред крајот на животот, да му се доделува какво-годе признание за неговото творештво. Дури ни за животно дело. Или некакво подобрување на неговиот општествен статус. Нему тоа воопшто не му е потребно.