Потребно време за читање: 2 минути

500. Корени

Колку подлабоки корени во минатото, толку постамена сегашност и понесомнена иднина.

501. Будење

По долга малодушност и помирливост, будење како по кошмарен сон.

502. Изродот

Изродот им е најблизок на властодржачки предавници.

503. Достоен

Учен и самосвесен-на себеси достоен.

504. Здравјето

Не може да имаш здравје со недоброј грижи, проблеми и недоумици.

505. Во паметењето

Една живородна љубов како сончев зрак.

506. Никако

Не знаеш, а мислиш оти знаеш, не те бидува, а мислиш оти можеш, итар си, а мислиш оти си мудар.

507. Нескршлив

Нескршлив е народ слободарски. Особено кога стратешки партнер ќе му натури мафијашка власт.

508. Порака

Мислам оти треба да се замислите што ќе биде со вас откако скоро ќе ја изгубите власта.

509. Вредноста на парите

Вредат заработените пари со чесност, знаење и труд. Не украдените од народот.

510. И стапот знае

Без ум и доблест стап не игра.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 137-152

511. Кога мораш

Си штетиш на себесди кога го одлагаш неминовниот крај, а мораша сè од почеток.

512. Мало човече

Потчинето, понизно и слугинче покорно мало човече меѓу големџии.

513. Љубов непреболна

Ми идеш на сон и ме будиш болно.

514. Невремиња

Од толку невремиња едно по друго, заборавивме што е време.

515. Пред очи

Непријателот да ти е секогаш пред очи. Пријателот секогаш во чекор со тебе.

516. Болештина

Тешка болештина кога си сам, а не си.

517. Прибежиште

Свет на вредности-мјое прибежиште.

518. Прибрана

Жена и маж прибрале љубов неисполнета.

519. Идиот

Не бидува поголем идиот од политикант како политичар на власт.

520. Вкусови и критериуми

За вкусовите не се расправа без критериум за вредното.

521. Делото

Секое дело во творецот, со него и по него. Делотворно.

522. Безначаен

За него не треба да се трошат ни излитени зборови.

523. Штом

Ништо од мене за тебе штом не ме мисиш жив.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 808-840

524. Заборав

НЈикаква моја трага за нечие постоење.

525. Никој за верување

Не ви верува никој што ве научи како крадачи на народно азно.

526. Дамна

Дамна бевме заедно како да не бевме, та затоа не сме.

527. Докажување

Ќе му влезам во духовната трага и ќе докажам дека тој физички е дамна мртов!

528. Пред исчезнување

Ме догорува мојата нескротлива творечка енергија.

529. Секоја љубов

Почнува во тебе, во мене, па продолжува во нас за никогаш да не заврши.

530. Обичен

Незабележан во толпа, а секој запира кога ќе чуе длабок глас што предупредува.

531. Залудно се трудиш
Конечно решиле да кренат раце од тебе, а ти се трудиш да им докажеш дека уште можеш да им служиш.

532. Јас и вие

Јас вака и никако поинаку, а вие како сакате и како морате.

533. Во неврат и беспатје

Оди човек во неврат, а неговата сенка во беспатје.

534. Затоа

Власта прави што сака затоа што ѝ дозволува народ беден и јадосан.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 184-195

535. Горчина

Заминува засекогаш, а нема ни со кого да се прости оти угасна и неговото огниште.